„Св. Јован Претеча“ - Вич

црква на врвот Вич, Костурско

Свети Јован Претеча и Свети Ѓорѓи (грчки: Τιμίου Προδρόμου και Αγίου Γεωργίου Ελευθερωτή) — црква во Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Свети Јован Претеча
Τιμίου Προδρόμου
Карта
40°38′8″N 21°23′11″E / 40.63556° СГШ; 21.38639° ИГД / 40.63556; 21.38639
Местоврв Вич кај Блаца, Костурско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Изградба1980 - 2010
Управа
Архијерејско намесништвоКостурско
ЕпархијаКостурска

Местоположба уреди

Црквата е сместена на билото на врвот Вич, над селото Блаца.

Историја уреди

Храмот е подигнат во спомен на грчките владини војници загинати во победоносната борба со партизаните на ДАГ во решавачката Битка на Вич во август 1949 г. со која е ставен крајот на Грчката граѓанска војна. До неа има и споменик на победата.[1]

Следната Битка на Грамошта (Грамос) завршила на 29 август 1949 г., односно на празникот Отсечение (обезглавувањето на Јован Крстител) и затоа храмот го носи неговото име, како и на Свети Ѓорѓи Победоносец.[1]

Камен-темелникот на црквата е удрен во 1980 г. од митрополитот Григориј II Костурски, но со неговата смрт изградбата е запрена. Градежните работи продолжиле по доста време, за на 26 јуни 2010 г. храмот да биде осветен од митрополитот Серафим Костурски.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Ο ιερός ναός του Τιμίου Προδρόμου στο αιματοβαμμένο όρος Βίτσι. Πανηγυρίζει την 29η Αυγούστου“. Φως της Καστοριάς. 21 август 2016. Архивирано од изворникот на 2018-12-20. Посетено на 29 јануари 2021.