„Единство“ - Струмица

Единствотекстилна компанија за производство на облека од Струмица, Македонија.

Единство
Edinstvo
ВидАД
Дејносттекстилна индустрија
Основано1966
СедиштеСтрумица, Македонија
ул. Гоце Делчев бр. 62,
Струмица
,
Република Македонија
Вработени
200
Подружници2
Мреж. местоedinstvosr.com

Историјат уреди

АД Конфекција и Трикотажа „Единство“ од Струмица била основана на 1 октомври 1966 година од страна на група граѓани и во почетокот работела под името Задруга за шивачки услуги и промет со готови текстилни производи. Во 1973 година задругата била конституирана како ОЗТ Единство. Во 1976 година претпријатието прераснало во Работна организација Конфекција и Трикотажа Единство Струмица. Истата година било отворено и плетачко одделение како проширување на дејноста на претпријатието. Исто така била воведена и работа по СИЦ – системот односно работа по домови.

Во 1985 година била изградена нова фабрика со вкупна покриена корисна површина од 6.000 метри квадратни. Во 1991 година претпријатието било регистрирано како Акционерско друштво во мешовита сопственост, а во 1996 година, по добивање на решението од Комисијата на Владата на Република Македонија, како Акционерско друштво во приватна сопственост. Во 2001 година, со измените на Законот за трговски друштва, претпријатието било пререгистрирано во Акционерско друштво Единство Струмица.

Производство уреди

Денес АД Единство е компанија која настапува на домашниот и странскиот пазар за производство на наменски програм како униформи за полиција, војска, програм за железници, пошти, банки како и школски програм. Се произведуваат машки и женски панталони и сако, а како специјалност е изработка на производи од Горeтекс технологија.

Галерија уреди

Наводи уреди