Телемаркетинг

(Пренасочено од “телемаркетинг„)

При телемаркетинг се користи телефон за да им се продава директно на потрошувачите. Тој станал примарен инструмент за Директен Маркетинг со чија помош на проактивен начин може да се генерира и да се квалификува потенцијална продажба и директно да се продаде на потрошувачите и бизнисите. Телефонските повици можат да бидат заради истражување, тестирање, изградба на основа на податоци или закажување состаноци, како и продолжение на претходните контакти или како дел од програмата за мотивација или грижа на клиентите.

Примарните квалитети на телефонот се тоа што овозможува интеракција, флексибилност и дозволува добивање на моментален фидбек и можност да се надминат несогласувањата, сето тоа за исиот период на комуникација. Другите димензии на телемаркетингот вклучуваат развој и одржување на потрошувачки гудвил, со што е поврзана и потребата за развој на добра услуга за потрошувачите. Телемаркетингот им овозможува на организациите да вршат маркетинг истражување чии резултати се доста мерливи.

Растот на телемаркетигот во бизнис-2-бизнис секторот во најголем дел се случи на цена на личната продажба. Целите се да се намалат трошоците и да се искористи скапата продажна сила и нивните способности за да се надоградат врските создадени со телемаркетингот. Повиците можат да бидат категоризирани како надворешни и внатрешни.

Сите овие активности можат да бидат извршени со лична продажба, но брзината, точноста и конзистентноста на информациите собрани преку лична продажба можат често да бидат подобрени со телемаркетингот. Комплексноста на производот ќе влијае на тоа колку успешно ќе биде искористен медиумот. Но, ако телемаркетарите се внимателно тренирани, продажните резултати ако се мерени на основа на повик, можат да ги надминат оние генерирани од лична продажба.

Генерално постојат три главни начини на кои може да се изврши телемаркетингот: снимен, урамен и персонализиран.