Што да очекуваш кога очекуваш (филм)
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
„Што да очекуваш кога очекуваш“ е американски филм (романтична комедија) од 2012 година, во режија на Кирк Џонс, по сценариото на Шона Крос и Хедер Хач. Главните улоги ги играат: Камерон Дијаз, Џенифер Лопес, Елизабет Бенкс, Чејс Крафорд, Бруклин Декер, Ана Кендрик, Метју Морисон, Денис Квејд, Крис Рок и Родриго Санторо. Исто така, во филмот на кратко се појавуваат и други славни личности како кошаркарот на НБА - Двејн Вејд, поранешната глумица од серијата „The Hills“ - Витни Порт, глумицата од „Вил и Грејс“ - Меган Мјулели, членката на групата „Girls Aloud“ и судијката во шоуто „X Factor“ - Шерил Кол, кореографот од музичкото шоу „Мислите дека знаете да танцувате?“ (од анг. „You think you can dance“) и гостин-судија - Тајс Диорио и членот на музичката група „Black Eyed Peas“ - Табу. Филмот за првпат се прикажа на 18 мај 2012 година.
„Што да очекуваш кога очекуваш“ | |
---|---|
Податотека:What to Expect When You're Expecting.jpg Филмски постер | |
Режисер | Кирк Џонс |
Продуцент | Мајк Медавој Арнолд Месер Дејвид Твејтс |
Главни улоги | Камерон Дијаз Џенифер Лопес Елизабет Бенксs Чејс Крафорд Бруклин Декер Ана Кендрик Метју Морисон Денис Квејд Крис Рок Родриго Санторо |
Музика | Марк Мадерсбо |
Кинематографија | Хавиер Перес Гробет |
Монтажа | Мајкл Беренбом |
Студио | Alcon Entertainment Phoenix Pictures What to Expect Productions Georgia Public |
Дистрибутер | Lionsgate Films |
Премиера | мај 18 2012 |
Времетраење | 110 минути |
Земја | Соединетите Американски Држави |
Јазик | англиски |
Буџет | 40 милиони долари |
Бруто заработка | 83,9 милиони долари |
Воведен дел
уредиВо оваа приказна се зборува за петте двојки од Атланта коишто ги уживаат многуте задоволства за време на бременоста. Ремзи и Скајлер се венчани. Синот на Ремзи, Гери е венчан со Венди. Братучетка ѝ на Скајлер е Роси, којашто е во врска со Марко. Гери присуствуваше на програмата за слабеење на Џулс. Таа се запозна со танцувачот Еван во едно шоу посветено на натпреварување во танцување и сега тие ќе имаат бебе. На крај, за да се поврзе сè, фотограферката на Венди е Холи (којашто е мажена за Алекс) и Венди ѝ предлага на Скајлер понатаму да ја ангажира Холи за нејзините фотографии.
Продукција
уредиЧејс Крафорд, Бруклин Декер, режисерот Кирк Џонс и Елизабет Бенкс присуствувале на премиерата во Њујорк. Филмот „Што да очекуваш кога очекуваш“ се заснова на истоимената книга, којашто ја напишаа Хајди Маркоф и Шерон Мејзел, а сценариото го адаптираше Хедер Хач и го преработи Шона Крос. Кирк Џонс е режисер на филмот. На 14 јануари 2010 година, филмското студио „Lionsgate“ од „Phoenix Pictures“ ги доби правата за прикажување на филмот во целиот свет. На 9 јули 2011 се одржа јавен повик за распределба на улогите на бремени жени и Етиопјанци. Филмот започна со сликање на целата глумечка екипа во Атланта на 19 јули 2011 година. На 26 јули, снимањето продолжи во Мидтаун, на Пичтри Стрит, близу до „High Museum“ и во паркот во Пиемонт.
Прифатеност
уредиКритики
уредиФилмот добил оценка од 23% на „Rotten Tomatoes“, од 127 критики. Најголемиот дел од критиките од филмските критичари биле негативни. Питер Траверс од весникот „Rolling Stone“ го оценил филмот со еднаипол ѕвездичка и пишува дека самиот филм „те тера да повратиш“, но ја фали избраната глумечка екипа. Мат Стивенс од сателитската телевизиска мрежа „E! Online“ дава негативни критики за филмот и изјавува дека шегите се „очигледни“ и „малку драма би можела да го извади од списокот на „Многу посебна епизода“ од жанрот „комедија на ситуација“ – и сè да се реши веднаш после паузата за реклами“. Помеѓу другите критичари, Бетси Шарки од весникот „Los Angeles Times“ ја забележа збрката во филмот којшто брзо се шири и подробно ја опишува бременоста во петте двојки и напишала дека „Наместо да се даде занимливо објаснение на почетокот, во филмот се прави збрка“. Весникот „New York Daily News“ го оцени филмот со триипол ѕвездички и напиша: „За среќа, и да не си родител, филмот е едно прилично пријатно и забавно патување со единствена порака и до родителите и до оние кои некогаш имале мајка или татко“ и дека најтрогателниот момент во филмот е сцената кога улогата на Џенифер Лопес патува во Етиопија за го земе детето коешто го посвојува.