Шехзаде Мехмед (син на Сулејман I)

Шехзаде Мехмед (османлиски: شہزادہ محمد‎, турски: Şehzade Mehmed; роден на 31 октомври 1522 во Цариград – починал на 7 ноември 1543 година во Маниса) — отомански принц, син на султанот Сулејман I и неговата сопруга Рокселана[2].

Шехзаде Мехмед
Şehzade Mehmed's tomb.png
Гробот на Шехзаде Мехмед во џамија Шехзаде
Управител на Маниса
Мандат 12 ноември 1542 – 7 ноември 1543
Деца
Хумашах султан
Династија Отоманска династија
Татко Сулејман I
Мајка Рокселана
Роден(а) 31 октомври 1522[1]
Топкапи Сарај, Цариград, Отоманско Царство
Починал(а) 7 ноември 1543(1543-11-07) (возр. 21)
Маниса Сарај, Маниса, Отоманско Царство
Почивалиште Џамија Шехзаде, Истанбул
Вероисповед ислам

ЖивотУреди

Шехзаде Мехмед бил роден на 31 октомври 1522 година, за време на кампањата на Сулејман кон Родос. Неговото раѓање се прославило во логорот каде била дадена милостина кон некои заробени војници. Гласникот што ја донел веста бил награден со наметка salvet ü sürûr[1].

Мехмед бил обрежан заедно со неговите браќа, Мустафа и Селим на 27 јуни 1530 година[3]. Во февруари 1534 година, Мустафа бил назначен за гувернер на Маниса. Мехмед од друга страна останал во главниот град, а во 1537 година, му се придружил на неговиот татко во неговата кампања за Крф. Во 1541 година, тој и неговите помлади браќа, Селим и Бајзит, го придружувале нивниот татко во неговата кампања кон Будим[4][5].

Сулејман го фаворизирал синот на Хурем и го назначил Мехмед, неговиот втор и многу сакан син, за негов наследник спротивно на традицијата[6]. Наскоро по нивното враќање од Крф во октомври 1542 година, Сулејман под влијание на Хурем го поставил за гувернер на Маниса. Тој го назначил и Селим за гувернер на Караманија. Пред назначувањето, принцот Мустафа бил испратен во Амасија на 16 јуни 1541 година. Мехмед ги започнал своите должности официјално како гувернер веднаш по неговото пристигнување во Маниса на 12 ноември 1542 година[4][6].

Неговата мајка, сепак, не го придружувала во неговиот покраински центар. Регистарот на Маниса покажува дека, сепак, таа патувала со Мехмед во 1543 година. Истата година, таа го посетила и нејзиниот помлад син принцот Селим, кој бил назначен за гувернер на Караманија[7]. Неговото единствено дете Хумашах султан било родено во Маниса[8].

Евлија Челебија го опишува Мехмед како „принц со повеќе исклучителни квалитети дури и од Мустафа и со голем интелект. Сулејман имал намера тој да биде неговиот наследник, но „човекот предлага и Бог располага[9].

СмртУреди

Шехзаде Мехмед се разболел во Маниса на 31 октомври 1543 година. Починал набргу потоа, во средата навечер, 7 ноември[4], веројатно од мали сипаници[6]. Следниот ден Лала-паша и Дефтардар Ибрахим Челеби го пренеле неговото тело во Истанбул. По неговата смрт, неговиот помлад брат Селим го заменил како гувернер на Маниса[4].

По смртта на Мехмед, Сулејман го натерал славниот царски архитект Мимар Синан да ја изгради џамијата Шехзаде во Истанбул. Исто така, Сулејман составил елегија за Мехмед и ја завршил песната со линијата „Најистакнат од принцовите, мојот султан Мехмед“ во која вкупната нумеричка вредност е година на смртта на неговиот син[10][11]. Фактот дека смртта на Мехмед му понудила на Сулејман прва голема можност да служи како архитектонски покровител, исто така, може подоцна да им дало причина на Османлиите да веруваат дека Мехмед бил фаворит. Фактот дека Сулејман не само нарачал џамија за Мехмед, туку и ја изградил во Истанбул како да е султан (со оглед дека принцовите биле погребувани во Бурса според обичајот) ја рефлектира љубовта на султанот кон неговиот син.

МедијаУреди

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 Yelçe, Nevin Zeynep (2009). The Making of Sultan Süleyman: A Study of Process/es of Image-Making and Reputation Management. стр. 256.
  2. Peirce 1993, p. 59.
  3. Akbar, M.J (May 3, 2002). The Shade of Swords: Jihad and the Conflict between Islam and Christianity. Routledge. стр. 88. ISBN 978-1-134-45258-3.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Sağır 2016, p. 922.
  5. "Şehzade Bayezid (ö. 969/1562): Kanûnî Sultan Süleyman'ın saltanat iddiasıyla isyan eden Hürrem Sultan'dan olma oğlu". İslam Ansiklopedisi. Посетено на 20 October 2019.
  6. 6,0 6,1 6,2 Peirce 1993, p. 80.
  7. Peirce 1993, p. 61.
  8. Peirce 1993, p. 67, 68, 69.
  9. "Fisher. Suleyman and His Sons". Coursesa.matrix.msu.edu. Архивирано од изворникот на 2016-03-09. Посетено на 2017-02-26.
  10. "SULEYMAN THE MAGNIFICENT - POET". Web.archive.org. Архивирано од изворникот на 2006-03-09. Посетено на 2017-02-26.
  11. "Archived copy". Архивирано од изворникот на 2016-04-28. Посетено на 2016-04-16.CS1-одржување: архивиран примерок како наслов (link)