Шаховски турнир во Нанѓинг

Шаховски турнир во Нанѓинг, познат и како „Бисерна пролет“ — шаховски турнир кој се одржува еднаш годишно во Нанѓинг, НР Кина. На турнирот учествуваат 6 супер велемајстори, при што секој од нив игра по две партии со секој останат противник, па турнирот добива карактер на Берегровуиот систем. Првиот турнир се одржа во декември 2008, на кој победи Веселин Топалов. Место на одржување на турнирот е хотелот Бисерна пролет во Нанѓинг.

Според Силвио Данаилов, менаџерот и тренер на Топалов, овој турнир „со сигурност ќе биде еден од Гренд слем турнирите“, зборови кои се остварија во 2009.[1][2]

ОрганизацијаУреди

Портал  · Историја
Основи

Фигури  · Табла  · Правила
Стратегија  · Тактика  · Запис

Теорија

Отворање  · Средишница
Завршница  · Мат
Пешачка структура  · Принуден потег
Темпо  · Опозиција

Натпреварувања

Олимпијада
Вајк ан Зее  · Линарес  · М-Тел Мастерс
Дортмунд  · Нанѓинг

Организации

ФИДЕ  · ПША

Списоци

Поими  · Книги  · Партии
Отворања  · Силни турнири

Турнирот е организиран од страна на општината на градот Нанѓинг, административниот центар Шах и карти, народната влада на округот Пуку и управата за спорт во Нанѓинг.

Спонзори на турнирот се фармацевтската компанија Џангзу Канион, дневниот весник Јангџи и Манделовиот меѓународниот универзитет за претприемништво.

Наградниот фонд на турнирот изнесува 250.000 €, од кои победникот добива 80.000 €.

Организацијата на турнирот е подржана од страна на ФИДЕ, Европската шаховска федерација и Азиската шаховска федерација.

ТурнириУреди

2008Уреди

Првиот турнир се одржа од 10 до 22 декември 2008, а на отворањето присуствуваа познати шаховски официјални работници, како претседателот на ФИДЕ Кирсан Иљумжинов, претседателот на Европската шаховска федерација Борис Кутин, претседателот на Азиската шаховска федерација Шеих Султан, генералнот секретар на ФИДЕ Лиан Џиронг, но и канадскиот екоомист и добитник на Нобеловата награда за економија Роберт Мандел. На турнирот учествуваа шест шахисти: Веселин Топалов, Василиј Иванчук, Левон Аронјан, Сергеј Мовсесјан, Петар Свидлер и Бу Сјанџи. Со Ело рејтинг од 2751,6 поени, турнирот беше од највисока, 21. категорија и беше најсилниот турнир кој некогаш се одиграл во НР Кина. Победник на турнирот, а со тоа и прв победник во историјата на турнирот беше Веселин Топалов.

Место Учесник 1 2 3 4 5 6 Поени
1   Веселин Топалов * * ½ 1 ½ ½ 1 1 ½ 1 ½ ½ 7.0
2   Левон Аронјан ½ 0 * * ½ ½ ½ ½ 1 1 ½ ½ 5.5
3   Бу Сјанџи ½ ½ ½ ½ * * ½ 0 ½ 0 1 1 5.0
4   Петар Свидлер 0 0 ½ ½ ½ 1 * * ½ ½ 0 1 4.5
5   Василиј Иванчук ½ 0 0 0 ½ 1 ½ ½ * * ½ ½ 4.0
6   Сергеј Мовсесјан ½ ½ ½ ½ 0 0 1 0 ½ ½ * * 4.0

2009Уреди

Во 2009, турнирот се одржа од 27 септември до 9 октомври. Учествуваа шест супер велемајстори: Веселин Топалов, Магнус Карлсен, Дмитри Јаковенко, Тејмур Раџабов, Петар Леко и Ванг Јуе. Турнирот беше со Ело рејтинг од 2761 поен, повторно од 21. категорија и беше вклучен во Гренд-слем шаховските турнири за сезоната 2009-2010. На турнирот доминираше младиот норвешки велемајстор Магнус Карлсен, кој оствари резултат 8/10, со оценет рејтинг од 3002 поени, највисок во историјата на шаховските турнири.[3]

Место Учесник Рејтинг 1 2 3 4 5 6 Поени С/Б критериум Оценет рејтинг
1   Магнус Карлсен 2772 * * 1 ½ ½ 1 1 ½ 1 ½ 1 1 8.0 3002
2   Веселин Топалов 2813 0 ½ * * ½ ½ ½ ½ ½ 1 ½ 1 5.5 2789
3   Ванг Јуе 2736 ½ 0 ½ ½ * * ½ ½ ½ ½ ½ ½ 4.5 2735
4   Тејмур Раџабов 2757 0 ½ ½ ½ ½ ½ * * ½ ½ ½ 0 4.0 20.00 2695
5   Петар Леко 2762 0 ½ ½ 0 ½ ½ ½ ½ * * ½ ½ 4.0 19.25 2694
6   Дмитри Јаковенко 2742 0 0 ½ 0 ½ ½ ½ 1 ½ ½ * * 4.0 17.25 2698

2010Уреди

На турнирот во 2010, кој се одржа од 18 до 30 октомври, учествуваа победникот од претходното издание, Магнус Карлсен, светскиот првак, Вишванатан Ананд, како и Веселин Топалов, Вугар Гашимов, Ванг Јуе и Етјен Бакро.[4] На турнирот, победи Карлсен со поен повеќе од Ананд, со што ја одбрани титулата освоена претходната година.[5]

Место Учесник Рејтинг 1 2 3 4 5 6 Поени С/Б критериум Оценет рејтинг
1   Магнус Карлсен 2826 * * ½ ½ 1 ½ 1 1 ½ ½ 1 ½ 7.0
2   Вишванатан Ананд 2800 ½ ½ * * 0 1 1 ½ ½ ½ ½ 1 6.0
3   Етјен Бакро 2719 0 ½ 1 0 * * ½ 0 1 ½ 1 ½ 5.0
4   Веселин Топалов 2803 0 ½ ½ ½ ½ ½ * * ½ ½ ½ 0 4.5 20.00
5   Вугар Гашимов 2716 ½ ½ ½ ½ 0 ½ ½ ½ * * ½ ½ 4.5 19.25
6   Банг Јуе 2732 0 ½ ½ 0 0 ½ ½ 0 ½ ½ * * 3.0 17.25

НаводиУреди

Надворешни врскиУреди