Шарлоте Ленмане

Шарлоте Ленмане (латвиски: Šarlote Lēnmane; родена на 8 февруари 1998 година) - латвиска пејачка. Таа ја претставувала Латвија на Детската Евровизија 2010 во Минск, Белорусија, по пет години неучествување на Латвија на ова натпреварување.[1]

Шарлоте Ленмане
Роден(а)8 февруари 1998 (1998-02-08) (23 г.)
ПотеклоРига, Латвија
ЖанровиДенс-поп, електропоп, европоп
Занимањапејачка, текстописец
Инструментивокал, тапани, синтисајзер

Ленмане е родена во Рига. На 14 март 2010 година, таа победила на фестивалот во Латвија, наречен „Balss pavēlnieks“ (Господар на гласот) со песната „Dziesma pustumsā“, препев на песната на пејачката Ајша. Ова влијаело на националниот латвиски ТВ канал да ја избере за нивна претставничка на Детската Евровизија.

Таа завршила на 10-тото место на Детската Евровизија 2010 со песната „Viva la Dance“.

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. „Šarlote Lēnmane to represent Latvia in the JESC 2010 in Minsk“. ESCKaz. Посетено на 28 ноември 2020.
Награди и достигнувања
Претходник
Kids4Rock
Латвија на Детската Евровизија
2010
Наследник
Аманда Башмакова