Предлошка:Дали сте знаеле/Архива

Ова е архива на објавени факти во рубриката „Дали сте знаеле“ во минатото. Дополнете ја со тоа што ќе ја додадете последната занимливост отстранета од предлошката на главната страница.

2024 уреди

2023 уреди

2022 уреди

2021 уреди

2020 уреди

2019 уреди

2018 уреди

2017 уреди

2016 уреди

2015 уреди

2014 уреди

2013 уреди

2012 уреди

2011 уреди

2010 уреди

  • ...Хаити е првата независна држава во Латинска Америка и воедно единствена држава која својата независност ја стекнала преку успешна буна на робови?
  • ...Делавер е првата сојузна држава на САД и првата држава која го ратификувала уставот на САД?
  • ...по зголемено внесување на јаглехидрати, една десетина од црнодробната маса може да постои како гликоген?
  • ...Боцвана е една од најслабо корумпираните држави во Африка, на исто ниво со Португалија?
  • ...стигмите кои ги имал Свети Пио, во текот на животот, му исчезнале пред да го напушти земскиот живот?
  • ...матичниот народ на Монако, Моначани, е всушност малцинство во својата држава?
  • ... дека инфраструктурата во Тавантинсују била толку добра што Часките од Кито до Куско пренесувале порака за само една седмица?
  • ... Хаити е првата независна држава во Латинска Америка и воедно единствена држава која својата независност ја стекнала преку успешна буна на робови?
  • ... Делавер е првата сојузна држава на САД и првата држава која го ратификувала уставот на САД?
  • ... после зголемен внес на јаглехидрати, една десетина од црнодробната маса може да постои како гликоген?
  • ... Бутан е единствената држава во светот која мери среќа на своето население?
  • ... со своите шест фази на развој и петте различни писма на пишување, египетскиот јазик е еден од најстарите запишани јазици во светот?
  • ...според законот за зачувување на масата, таа не може да се создаде или уништи, но може да се прераспореди во просторот и да се измени во различни типови на честички?
  • ...Боцвана е една од најслабо корумпираните држави во Африка, на исто ниво со Португалија?
  • ...стадиумот на возрасна единка или имаго (за разлика од ларвата) на еднодневките е краток и трае од неколку часа до неколку дена?
  • ...Јована Лудата имала 6 деца и сите станале европски монарси?
  • ...царот Фока дошол на власт во Византија во 602. година со помош на „партијата“ на Зелените?
  • ...Црна Гора имала само еден крал и тоа бил Никола I Петровиќ ?
  • ...последните мајански градови кои биле освоени од Шпанците биле Тајасал и Закпетен?
  • ...на островот Јап во Федералните Држави на Микронезија месното население користи камени пари од кои најголемите се 4 метри во пречник, а најмалите до 0,3 метри во пречник?
  • ...на државата Тувалу ѝ се заканува опасност од потполно исчезнување од географската карта поради покачување на нивото на морето?
  • ...лондонската Independent Group е предвесник на уметничкиот правец поп арт?
  • ...Нова Македонија, Вечер и Битолски весник се најстарите дневни весници во Македонија?
  • ...Руанда е првата држава во историјата која избрала државно законодавство, а при тоа мнозинството биле жени?
  • ...според кладистичката систематика, четириножните ‘рбетници припаѓаат на класата резноперкови риби?
  • ...познатото украсно црно дрво абонос, е толку густо што тоне во вода?

    2009 уреди

  • ...SketchUp е бесплатен програм од Google наменет за лесно и брзо 3Д моделирање на предмети, куќи, градежни објекти, направи и слично?
  • ...дека шугејзингот е правец на алтернативниот рок, кој во раните 90-ти бил потиснат од далеку попопуларниот гранџ?
  • ...дека единствениот познат организам кој се смета за биолошки бесмртен е медузата Turritopsis nutricula?
  • ...дека статуетката Оскар стои на филмско тркало на кое се вгравирани пет средни кругови, секој од нив означува една од оригиналните гранки на академијата: глумци, режисери, сценаристи, продуценти и техничари?
  • ...дека голем број уметници од САД, меѓу кои Џими Хендрикс, Кевин Костнер, Меган Фокс, Елвис Присли и Тина Тарнер имале предци кои припаѓале на народот Чероки?
  • ...дека паркурот е активност чијашто цел е движење од една точка до друга колку што е можно поефикасно и побрзо, користејќи ги воглавно способностите на човечкото тело?
  • ...дека американскиот астроном и астрохемичар Карл Саган е автор на романот „Контакт“ врз основа на кој во 1997 година е направен филм под истиот наслов со Џоди Фостер во главната улога?
  • ...дека во Бутан, единствената земја во светот во која е забранета продажбата на тутун, луѓето на фасадите од куќите цртаат пениси, верувајќи дека ќе ги заштитат од лоши духови ?
  • ...дека водното растение Wolffia arrhiza од фамилијата Козлеци е најмалото цветно растение на светот?
  • ...дека во XIX век, Богородичната црква во Париз била толку запуштена, што урбанистите размислувале за нејзино уривање, па Виктор Иго го напишал романот „Sвонарот на Богородичната црква“ делумно и за да ја подигне јавната свест за неа?
  • ...дека во парапсихологијата, телепатијата се смета за форма на вонсетилно восприемање (ESP) и често се поврзува со прекогницијата и јасновидоста?
  • ...дека според теоријата на Рационални очекувања, во макроекономијата може да се постигне целосна вработеност доколку цените и платите би биле целосно флексибилни?
  • ...дека главниот град на Малезија, Куала Лумпур, е eдновремено и една од трите федерални територии во државата?
  • ...дека Марсиканската мечка, која е подвид на кафеавата мечка, живее единствено во централниот регион на Италија, и останати се само уште 30-тина живи примероци?
  • ...дека Монголија била населена уште пред 800.000 години?

    2008 уреди

  • ...дека на Ман, островска територија во Ирското Море, локалната управа се заснова на древните црковни парохии?
  • ...дека НХЛ, професионалната лига во хокеј на мраз е формирана во Монтреал, Канада, во 1917 година од 4 канадски клубови?
  • ...дека од најпопуларната руска крими-серија на сите времиња, насловена како „Бригада“ (2002) досега има снимено само 15 епизоди?
  • ...дека и покрај успехот во Бурските војни, после кои е формирана Јужноафриканската Унија, Британија ги загубила своите поранешни меѓународни позиции?
  • ...дека на Велигденскиот Остров, еден од островите на Полинезија, има вкупно 887 монолитни камени кипови кои ги нарекуваат „Главите на Велигденскиот Остров“?
  • ...дека Кинеската астрологија се заснова на 12-годишниот циклус на Планетата - Дрво (Јупитер), а секоја од 12-те години е во знакот на некое животно?
  • ...дека Шерлок Холмс и неговиот пријател Др. Џон Вотсон, замислените ликови од делата на Сер Артур Конан Дојл, живееле заедно на адресата 221Б Бејкер Стрит?
    Тромава мечка
    Тромава мечка
  • ...дека Грција има 13 периферии и 52 префектури?
  • ...дека тромавите мечки (на сликата) во некои предели на Индија и Бурма се сметаат за поопасни животни и од тигарот поради нивниот непредвидлив темперамент?
  • ...дека Карлос Кастанеда, американскиот антрополог и писател, има перуанско потекло и дека е контроверзен бидејќи неговите теми се поврзани со шаманизмот?
  • ...дека Џорџ Вашингтон бил првиот Голем мајстор на Големата масонска ложа на САД, која подоцна згаснала?
  • ...дека овогодишните претседателски избори во САД, на кои победи демократот Барак Обама, се одржаа едновремено со избори за 33 места во Сенатот на САД, избори за Конгресот на САД, како и избори за гувернери во 11 сојузни држави на САД?
  • ...дека националното мото на Индија сатјамева џајате се наоѓа и на грбот на Индија, и е слично со националното мото на Чешка - pravda vítězí?
  • ...дека во 1889. познатиот пица-мајстор од Неапол Рафаеле Еспозито, специјално за италијанската кралица Маргарита од Савоја приготвил пица во боите на италијанското знаме: зелена (од босилекот), бела (од моцарелата) и црвена (од доматот) и ја нарекол токму пица маргарита.
  • ...дека познатиот окултист Алистер Кроули се појавува на омотот на осмиот албум на Битлсите, Sgt. Pepper's Lonely Hearts Club Band?
  • ...дека кај ладнокрвните животни кои немаат Y хромозом, особено кај влекачите, полот на младите зависи од температурата на која се одвивала инкубацијата?
  • ...дека најчесто машко име во Република Македонија е Александар, а најчесто женско име е Марија. Можете да го побарате и вашето има на список на најчести имиња.
  • ...дека најновиот микрообработувач кој го најави Интел за крајот од оваа година (наречен Туквила) ќе содржи две милијарди транзистори, и 30 мегабајти кеш меморија?
  • ... дека термоацидофилните археи живеат во екстремни средини, како на пример вулкански топли извори?
  • ...дека според податоците од 2006-та се проценува дека има над 27.000 јадрени оружја во сопственост на најмалку осум земји, од кои 96% отпаѓаат на САД и Русија?
  • ...дека Усеин Болт, победникот и новиот светски рекордер на 100 и 200м од Летните олимписки игри - 2008 во Пекинг е првиот атлетичар којшто победил на 100 и на 200м по Карл Луис во 1984?
  • ...дека режисерот Педро Алмодовар работел десет години на приказната за филмот Лошо образование, а речиси сите улоги се машки?
  • ...дека во 2007 година, аеродромот Шарл де Гол во Париз бил на прво место по сообраќај во Европа со 552,721 полетувања и спуштања, а втор по бројот на патници со 59,919,383 патници, по Лондон Хитроу со 68,068,554, и пред Франкфурт со 54,161,856?

    2005-2007 уреди

  • ... дека српскиот јазик има два рамноправни изговора и две рамноправни писма?
  • ... дека Елизабет Тејлор има виолетови очи, двократна лента од трепки, осум брака и два оскари?
  • ...дека Битлс е прогласена за најголема група на сите времиња според списанието Rolling Stone?
  • ...дека прв претседател на Друштвото на писателите на Македонија бил Блаже Конески?
  • ...дека многумина ја сметаат Ојлеровата формула: за совршено математичко равенство?
  • ...дека во теоријата на множествата постојат две бесконечности?
  • ...дека во метричкиот простор е можно да се дефинира какво било растојание меѓу две точки?
  • ...дека вистинското име на старословенскиот јазик е Ѩзъıкъ словѣньскъıи (транслитерирано: językŭ slověnĭskyi) што значи „словенски јазик“?
  • ...дека како за ретко кој јазик, за старословенскиот биле создадени две писма: глаголица и кирилица?
  • ...дека со своите над 10 милиони жители, рускиот главен град Москва претставува најголем град во Европа?
  • ...дека Бети Дејвис е двократна оскаровка и според Американскиот филмски институт втора најголема глумица на сите времиња?
  • ...дека Силвио Берлускони, италијански стопанственик и политичар, е најбогатиот човек во Италија, со имот вреден 12.000.000.000 долари во 2005 година?
  • ...дека aмфиоксусот или ланцетникот (единствен во поттипот главохордници) е примитивно рибовидно животно кое нема ‘рбетен столб, но поседува многу други одлики на ‘рбетниците?
  • ...дека од сите членки на ОН само Северна Кореја, Куба, Лихтенштајн, Андора, Монако, Тувалу и Науру не се интегрирани во Меѓународниот Монетарен Фонд?
  • ... дека тројца од членовите на групата Монти Питон се избрани меѓу педесетте најголеми комичари на сите времиња?
  • ... дека припадникот на типот Cnidaria - Туритопсис нутрикула е единствен пример на бесмртно суштество?
  • ... дека постојат четири села и еден град со име Габрово и тоа во две различни држави?
  • ... раститителните клетки, за разлика од животинските, покрај универзалните органели содржат и клеточен ѕид, кој го содржи јаглехидратот целулоза и често имаат пластиди во нивната цитоплазма?
  • ... дека Клетвата на Ундина е медицински поим кој се однесува на една многу ретка состојба во која се губи неволевата контрола на дишењето, што резултира со потреба секој здив свесно да биде вдишуван и инициран?
  • ... дека Патек Филип им бил омилена марка часовници на Јосип Броз Тито и Алберт Ајнштајн?
  • ... дека англискиот ренесансен драматург и поет Бен Џонсон бил близок пријател со Вилијам Шекспир?
  • ... дека Тетауматафакатангихангакоауаотаматеаурехаеатурипу капихимаунгахоронукупокаифенуаакитанараху е име на рид во Нов Зеланд и е најдолгиот географски поим во светот?
  • ... дека лондонскиот ресторан Симпсонс на Стренд бил лулката на професионалниот шах во XIX век?
  • ... дека Габриел Гарсија Маркес е личен пријател со Фидел Кастро?
  • ... дека автор на Крушевскиот манифест е Никола Киров Мајски?
  • ... дека кафето, по нафтата е втора стока во светската трговија?
  • ... дека Артур Шницлер водел дневник целиот живот и тој содржи 8000 страници?
  • ... дека ЕФТА била замислена како алтернатива на Европската Унија?
  • ... дека Кофи Анан е првиот Генерален Секретар на Обединетите Нации избран од редовите на вработените на организацијата?
  • ... дека Фес е трет најголем град во Мароко?
  • ... дека каури е најголемото дрво во Нов Зеланд?
  • ... дека Васил Главинов е основоположник на социјализмот во Македонија?
  • ... дека Carpe diem на латински всушност значи „зграпчи го денот“?
  • ... дека старото име на Софија било Сердика, по тракиското племе кое го населувало?
  • ... дека Евлија Челебија е еден од најпознатите отомански патеписци?
  • ... дека Никола Кињо е изумителот на првото возило на сопствен погон - автомобилот?
  • ... дека музејот на Старата скопска чаршија се наоѓа во Сули ан?
  • ... дека парична единица во Андора е еврото?
  • ... дека најстар академик на МАНУ е Петар Хр. Илиевски роден (1920), а најмлад Катица Ќулавкова роденa (1951)?
  • ... дека постојат речиси 50 церемонијални англиски грофовии?
  • ... дека кириличните бројки биле систем на нумерација врз основа на старословенската кирилица?
  • ... дека по новата дефиниција Плутон престанува да се смета за планета и сега Сончевиот Систем има само 8 планети?
  • ... дека „Брабус“ е фирма која се занимава со послепродажно штимање на возила од марките Мерцедес-Бенц и Мајбах?
  • ... дека македонскиот социолог Славко Милосавлевски, бил дисидент во времето на социјализмот?
  • ... дека шаховските фигури, освен кралот и кралицата, ги симболизираат четирите рода на војската: пешадија, коњица, слонови и бојни коли?
  • ... дека средновековното име на Дојран било Полин?
  • ... дека лишаите ретко се среќаваат во околината на индустриските објекти и големите градови?
  • ... дека античкиот театар во Скупи бил најголем на територијата на Македонија?
  • ... дека Јонатан е вид на јаболко, кое потекнува од САД?
  • ... дека Алфа-мажјаците добиваат 70% од целиот секс во својата комуна?
  • ... дека музејот Лувр во 2005 примил 7.3 милиони посетители?
  • ... дека цикасовите растенија можат да растат дури и на карпеста подлога?
  • ... дека во некои места на Источна Србија, бугарскиот јазик се користи паралелно со српскиот јазик?
  • ... дека најголемата слика на платно во светот се наоѓа во Дуждовата палата?
  • ... дека Блумфонтејн е еден од трите главни градови на Јужноафриканската Република?
  • ... дека данскиот режисер Ларс фон Триер е еден од основачите на нова радикална школа во филмографијата наречена "Догма 95"?
  • ... дека првата маскота на Светските Првенства во Фудбал е World Cup Willie од 1966-та година?
  • ... дека Димитар Андонов Папрадишки (1859-1954) е последниот македонски зограф, а воедно и првиот македонски профан (нерелигиозен) сликар кој ги поставил темелите на западното сликарство во земјата?
  • ...дека во Рим само најбогатите 4% од жителите живееле во куќи, додека останатите живееле во станбени згради наречени инсули?
  • ...дека во 19-тиот век, бројот на луѓе кои пушеле пури бил неспоредливо поголем од бројот на оние што пушеле цигари?
  • ...дека Тесерактот е хиперкоцка која се простира во четири просторни димензии?
  • ...дека ренесансниот композитор Џон Дауленд е најпознатиот композитор за лејта на сите времиња?
  • ...дека мислењето дека Јан ван Ејк го измислил масленото сликарство е заблуда кон која највеќе придонел италијанскиот академец Џорџо Вазари?
  • ...дека во светот постојат јазици со повеќе од 20 падежи?
  • ...дека Френк Херберт, писателот на мегапопуларниот роман „Дина“ изјавил дека никогаш немал писателска блокада?
  • ...дека Туркменистанскиот диктатор Сапармурат Нијазов забранил спикерите да се шминкаат бидејќи самиот имал потешкотии да разликува маж од жена?
  • ...дека композиторот Јохан Себастијан Бах имал 20 деца со две жени (7 со првата и 13 со втората)?
  • ...дека првите електрични гитари биле хавајски гитари со вградени магнети?
  • ...дека Римското Царство ги делела слободните луѓе на патриции и плебејци?
  • ...дека Доменико Скарлати е италијански композитор од барокниот период?
  • ...дека трошокот за одржување на Версај заедно со издршката на кралскиот двор изнесувал околу 6% од буџетот на Франција?
  • ...дека aко Европската Унија би била една држава, би била седмата најголема држава во светот по површина и трета најголема по население, по Кина и Индија?
  • ...дека работниот наслов на Евтини приказни е “Black Mask” (Црна Маска)?
  • ...дека жаркарите се сметаат за последни живи претставници од онаа група на животни, од која треба да се бараат предците на сите други вистински ткивни животни?
  • ...дека Клеопатра VII Филопатор била последниот член на македонската Птоломејска династија?
  • ...дека државата во Античка Македонија не се финансирала од народот, туку од сопствени извори?
  • ... дека постојат разни територијални претензии кон Северниот Пол?