Чуригеризам ( Шпански : Churrigueresco), во помала мера, исто така се нарекува "Ултра барок", и се однесува на шпанскиот барок стил на т.н вајарски архитектонски орнамент кој се појавил како вид на штуко декорација Шпанија кон крајот на XVII век и се користел до околу 1750тата година, обележан со екстремни, експресивни и прецизни декоративни детали, кои обично се наоѓаат над влезот на главната фасада на објекот.

Манастир Сантјаго де Компостела во Шпанија . Влезна фасада и саат кула.

Потекло уреди

Архитектонскиот стил е наречен по архитектот и вајарот, Хосе Бенито де Чуригера (1665–1725), кој е роден во Мадрид и кој работел првенствено во Мадрид и Саламанка, а потеклото на стилот се поврзува со архитектот и вајарот по име Алонсо Кано, кој ја дизајнирал фасадата на катедралата во Гранада, во 1667тата година.

Развој уреди

Развојот на стилот поминал низ три фази. Помеѓу 1680тата и 1720тата година, Чуригера ја популаризирал мешавината на Гварино Гварини од соломонски (спирални) столбови и композитниот ред, познат како „врвниот ред“. Помеѓу 1720тата и 1760тата година, видот на столб или пиластер наречен естипит, во форма на превртен конус или обелиск, бил означен како централен елемент на украсната декорација. Во годините од 1760тата до 1780тата интересот за испревртено движење и прекумерно украсување се свртел кон неокласичната рамнотежа и трезвеност.

Шпанија уреди

Првиот од фамилијата Чуригера бил Хосе де Бенито Чуригера (1665-1725), обучен за конструкција на олтари, цртал за многу различни видови на цркви во Саламанка, Мадрид, Ваљадолид и други градови во Шпанија. Некои од нив веќе ги нема во Шпанија и се зачувани само како археолошки наоѓалишта.

  • Нуево Баздан, Мадрид
    • Црквата Свети Франциско Хавиер и палатата Гојенече
  • Саламанка, Кастиља и Леон
    • Олтарот на манастирот Сан Естебан
    • Хорот на Новата катедрала .
    • Големиот плоштад .
    • Капија де ла Вера Круз
    • Колеџот на Калатрава
  • Севиља
    • Палатата на Сан Телмо

Мексико уреди

Во Мексико, катедралната базилика Закатекас, главниот град на државата Закатекас и Темпло де Санта Приска, сместени во Такско, и државата Гереро, се сметаат за ремек-дела во стилот на Чуригеризам. Олтарот на црквата Сан Франциско Хавиер (Национален музеј) во Тепоцотлан, Држава Мексико, исто така, заедно со својата фасада, се смета за едно од најважните барокни дела на чуригеризамот создадени од језуитите во Нова Шпанија .

Поврзано уреди

Користена литература уреди