Чиксулуб (кратер)

Радарската топографија го покажува 180км широкиот прстен на кратерот. (Сликата е од НАСА.)

Кратерот Чиксулуб (шпански: Chicxulub) (21.35° СГШ 89.5° ЗГД) е стар кратер настанат од удар на небесно тело и се наоѓа на полуостровот Јукатан во Мексико. Центарот на кратерот е близу градот Чиксулуб. Кратерот е широк преку 180км и според тоа е најголем познат кратер на светот. Телото што го создало (астероид или комета) било најмалку 10км во дијаметар.

Кратерот бил откриен во 1970-тите од геофизичарот Глен Пенфилд кој работел на истражување на нафтени наоѓалишта во тој регион. Доказите за постоењето на удар од небесно тело се потиснат кварц, гравитациона аномалија и тектити во околните области. Со анализа на изотопите, утврдено е дека кратерот настанал пред околу 65 милиони години.

Ударот на небесното тело и последиците од тоа се сметаат за причина за прекин на геолошкиот период Креда и настапување на Терцијарот, радикални климатски промени, изумирање на диносаурусите и многу други животински видови.

Детали за ударотУреди

Пречникот на ударното небесно тело бил околу 10км и се проценува дека при ударот ослободило 500 Зета-Џули енергија 5×1023 џули, што е еквивалентно на 100 тера-тони (1014 тони) ТНТ.[1] За споредба, најсилната нуклеарна експлозија направена од човекот е од руската Цар-Бомба со сила од 50 мега-тони[2], што е за 2 милиони пати послабо.

ЕфектиУреди

Ударот предизвикал некои од најсилните цунами во историјата на Земјата. Облаци од прашина, пепел и пареа се ширеле од кратерот. Ископаниот материјал од местото на ударот, заедно со материјалот од ударното тело бил исфрлен над атмосферата, а при враќањето се загреал како метеорити и паѓајќи повторно на Земјата стотици километри подалеку предизкикал глобални пожари. Ударните бранови кои се ширеле низ земјината кора предизвикале глобални земјотреси и вулкански ерупции. Прашината и поситните честички останале во атмосферата и на површината на Земјата со години потоа, нарушувајќи ја животната средина на живите суштества.[3] Фотосинтезата на растенијата била попречена со што се нарушил целокупниот ланец на исхраната.[4][5]

Геологија и морфологијаУреди

Денес површината на кратерот е покриена со глина и варовник во длабочина од околу 1000м, но овие слоеви се настанати по ударот, односно во Палеоценот и подоцна.[6] Под овој слој се наоѓаат материјалите кои го сочинувале небесното тело и земјината подлога во времето на ударот. Тоа се андесит, бреција, фелдшпат и потиснат кварц. Депресијата на местото на ударот е 600-1100м подлабоко од околината. Се смета дека и тектитите најдени на Хаити потекнуваат од овој удар, бидејќи таму не се најдени астероидни кратери.[6][7]

Покрај самиот кратер, дополнителен ефект настанал со создавањето на тенка наслага од глина присатна на К-Т Границата по целата Земјина топка. Оваа глинена наслага содржи невообичаено висока концентрација на иридиум.[8] Содржината на иридиум на познатите метеорити и астероиди е вообичаено поголема од таа на Земјата.[9] Се претпоставува дека овој слој на глина богата со иридиум настанал кога иридиумот испарил од астероидот и се раширил низ атмосферата по ударната експлозија.[10]

Уништување на живиот светУреди

Теориите за масовно изумирање на живиот свет како резулат на удар од небесно тело постоеле многу пред откривањето на Кратерот Чиксулуб. Откритието на кратерот, како и неговото датирање кое се совпаѓа со времето на исчезнувањето на диносаурусите и голем број други групи животни и растенија, само ја потврдуваат оваа теорија.[11] Оваа теорија денес е речиси општо прифатена во научниот свет.

Надворешни врскиУреди

НаводиУреди

  1. Bralower, et al.
  2. Adamsky and Smirnov, 19.
  3. Hildebrand, Penfield, et al; 5.
  4. Perlman.
  5. Pope, Ocampo, et al.
  6. 6,0 6,1 Hildebrand, Penfield, et al; 3.
  7. Grieve.
  8. Alvarez.
  9. Quivx.
  10. Mayell.
  11. Alvarez, W. interview.
  • Bralower, Timothy J.; Charles K. Paull and R. Mark Leckie (1998). „The Cretaceous–Tertiary boundary cocktail: Chicxulub impact triggers margin collapse and extensive sediment gravity flows“ (PDF). Geology: 122–124. Посетено на 2007-09-25.
  • Adamsky, Viktor; Smirnov, Yuri (1994). „Moscow's Biggest Bomb: the 50-Megaton Test of October 1961“ (PDF). Cold War International History Project Bulletin (4): 19–21.
  • Hildebrand, Alan R.; Penfield, Glen T.; Kring, David A.; Pilkington, Mark; Zanoguera, Antonio Camargo; Jacobsen, Stein B.; Boynton, William V. (1991). „Chicxulub Crater; a possible Cretaceous/Tertiary boundary impact crater on the Yucatan Peninsula, Mexico“. Geology. 19 (9): 867–871.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  • Perlman, David (2007-09-06). „Scientists say they know where dinosaur-killing asteroid came from“. San Francisco Chronicle. Посетено на 2007-10-03. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  • Pope KO, Ocampo AC, Kinsland GL, Smith R (1996). „Surface expression of the Chicxulub crater“. Geology. 24 (6): 527–30. PMID 11539331.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  • Grieve, R. (1975). „Petrology and Chemistry of the Impact Melt at Mistastin Lake Crater“. Geological Society of America Bulletin. 86: 1617–1629.
  • Alvarez, W.; L.W. Alvarez, F. Asaro, and H.V. Michel (1979). „Anomalous iridium levels at the Cretaceous/Tertiary boundary at Gubbio, Italy: Negative results of tests for a supernova origin“. Во Christensen, W.K., and Birkelund, T. (уред.). Cretaceous/Tertiary Boundary Events Symposium. 2. University of Copenhagen. стр. 69.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  • Qivx Inc. (2003). „Periodic Table: Properties of Iridium“. qivx.com. Посетено на 2007-09-25.
  • Mayell, Hillary (2005-05-15). „Asteroid Rained Glass Over Entire Earth, Scientists Say“. National Geographic News. Посетено на 2007-10-01. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)