Четвртиот протокол

Четвртиот протокол (англиски: The Fourth Protocol) е британски филм од 1987 година, во режија на Џон Мекензи. Главните улоги ги толкуваат: Мајкл Кејн и Пирс Броснан.

Содржина уреди

Агентот на КГБ, мајорот Валериј Петровски (го игра Броснан) е испратен на тајна мисија во Британија, каде се стационира во близината на една американска воена база, примајќи разни материјали по куририте на КГБ. Џон Престон (го игра Кејн) е врвен англиски ловец на шпиони, кој по несогласувањата со неговите претпоставени, е испратен да ги надгледува пристаништата и аеродромите. Еден ден, курирот кој го очекува Петровски е најден мртов на еден товарен брод, а патолозите му кажуваат на Престон дека тој не е морнар. Престон ги претресува неговите работи и открива предмет што му наликува на дел од атомска бомба. Престон се сомнева дека некој сака да внесе атомска бомба во Британија, разделена на делови, но неговиот шеф не му дава дозвола да започне официјална истрага.[1]

Наводи уреди

  1. Антена, број 864, 16.1.2015, стр. 27.