Честота (статистика)

поим во статистиката

Во статистиката, честотата претставува колку пати пооделните модалитети на белегот се јавуваат внатре во набљудуваната статистичка маса.

Видови честоти уреди

Апсолутната честота (fi) покажува колку пати една одредена вредност се појавува во статистичката популација. Збирот на апсолутните честоти е еднаков на вкупниот број на податоци (N).

f1 + f2 + f3 +...+ fn, Σfi = N

Релативната честота претставува однос помеѓу честотата на одделниот модалитет на белегот (fi) и вкупниот број единици на масата (Σfi). Таа може да се изрази во проценти и се означува со ni, а збирот на релативните честоти е еднаков на 1.

ni = fi/Σfi

Кумулативната честота (Fi) го покажува местото (позицијата) на секоја вредност на белегот.

Релативно-кумулативната честота е количник помеѓу кумулативната честота на одредена вредност и вкупниот број на податоци. Таа може да се изрази како процент.

Пример уреди

Набљудувани се најтоплите дневни температури во текот на месец јуни 2012година:

32, 31, 28, 29, 33, 32, 31, 30, 31, 31, 27, 28, 29, 30, 32, 31, 31, 30, 30, 29, 29, 30, 30, 31, 30, 31, 34, 33, 33, 29, 29

xi fi Fi ni Ni
27 1 1 0.032 0.032
28 2 3 0.065 0.097
29 6 9 0.194 0.290
30 7 16 0.226 0.0516
31 8 24 0.258 0.774
32 3 27 0.097 0.871
33 3 30 0.097 0.968
34 1 31 0.032 1
Σ 31 1

Во првата колона прикажани се дневните темпрератури почнувајќи од најниската до највисоката. Во втората се наоѓаат апсолутните честоти, а потоа во третата изностот на кумулативните честоти. Четвртата колона ги прикажува релативнините честоти и на крајот може да се согледа збирот на апсолутните честоти.

Табела на честоти уреди

Табела на честота се состои од вредносни податоци подредени според нивната големина и нивните соодветни честоти.

Пример уреди

Оценките по предметот статистика на 20 студенти се следниве:

6 7 5 7 7 8 7 6 9 7 2 10 6 8 8 9 5 6 4 8

Нивното прикажување во табела се одвива низ следниве чекори:

чекор 1 Табелата се состои од две колони. Во првата колона прикажани се оценките на студентите по предметот статистика почнувајќи од најниската до највисоката.

оценка честота
4
5
6
7
8
9
10

чекор 2 Се врши пребројуваље колку пати се повторува една иста вредност т.е колку од студентите имаат иста оценка.

чекор 3 Сумираните податоци се внесуваат во колоната за честоти.

оценка честота
4 2
5 2
6 4
7 5
8 4
9 2
10 1

Групни интервали уреди

Кога располагаме со голем број податоци, постапката за изработка на табела на честоти е малку посложена. Со помош на Стургесовото правило се одредуваат големината и бројот на интервалите.

Хистограм уреди

Хистограм е најкорисен начин преку кој најдобро може да се воочат честотите. Тој претставува графички приказ на статистичките податоци со помош на геометриски фигури.

Литература уреди

  • д-р Славе Ристески, д-р Драган Тевдовски (IV издание Скопје, 2010): Статистика за бизнис и економија.
  • Betty Thorne, William Carlson and Paul Newbold (2012, Hardcover, Revised): Statistics for Business and Economics.