Челичната дама (филм)

филм

Челичната дама (англиски: The Iron Lady) е филм од 2011 година, во режија на Филида Лојд, а според сценариото на Аби Морган. Главните улоги ги толкуваат: Мерил Стрип, Џим Бродбент, Оливија Колман, Ричард Грант и Ентони Хед. За улогата на Тачер, во 2012 година, Мерил Стрип ги добила наградите „Оскар“ и „Златен глобус“ за најдобра главна женска улога, а филмот добил уште еден „Оскар“ за најдобра шминка. Исто така, филмот добил уште 20 други награди и имал 37 номинации.[1] [2]

СодржинаУреди

Филмот е ретроспектива на кариерата на поранешната премиерка на Британија, Маргарет Тачер. Таа е конзервативна, непоколеблива дама со челична волја, која и во семејството и во јавниот живот се наметнува како авторитативна личност. Тачер покажува бескомпромисност и во критичните моменти, како што се големите штрајкови на рударските и бродските работници или за време на војната за Фолкландските острови.[3]

НаводиУреди

  1. IMDb, The Iron Lady (2011) (пристапено на 2.1.2015)
  2. IMDb, The Iron Lady (2011), Awards (пристапено на 2.1.2015)
  3. „Портрет на британската премиерка Маргарет Тачер“, Антена, број 861, 26.12.2014, стр. 3.