Чарлс Веб (англиски: Charles Webb, 9 јуни 1939, Сан Франциско, САД) - американски писател.

Животопис

уреди

Чарлс Веб е роден на 9 јуни 1939 година, во Сан Франциско, Калифорнија. Дипломирал на колеџот „Вилијамс“ во Масачусетс, на Одделот за американска историја и литература. Веб живее во Источен Сасекс.[1]

Творештво

уреди

Веб е автор на неколку романи: „Љубов“, „Роџер“, „Бракот на младиот брокер“, „Сираци и други деца“, „Елсинор“ и други, а најпознато неговот дело е романот „Дипломец“ од 1963 година. Најчести теми во делата на Веб се стареењето и сексуалното будење.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Поговор“, во: Чарлс Веб, Дипломец, Темплум, Скопје, 2012, стр. 267.