Чапранли Чифлик
Чапранли Чифлик (грчки: Νέα Καρβάλη, Неја Карвали[2]) — село во Општина Кавала во Кавалскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Чапранли Чифлик Νέα Καρβάλη | |
---|---|
![]() Етнографски музеј | |
Местоположба во областа | |
Координати: 40°57′N 24°30′E / 40.950° СГШ; 24.500° ИГДКоординати: 40°57′N 24°30′E / 40.950° СГШ; 24.500° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Источна Македонија и Тракија |
Округ | Кавалски округ |
Општина | Кавала |
Општ. единица | Кавала |
Надм. вис. | 6 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 2.160 |
Часовен појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположбаУреди
Селото се наоѓа на 11 километри источно од градот Кавала на надморска височина од 6 метри.
ИсторијаУреди
Отоманско ЦарствоУреди
Селото во текот на XIX век се наоѓало во Кавалската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 60 цигани[3].
ГрцијаУреди
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.
Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Република Турција и Република Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
ДемографијаУреди
Во 1928 година, бројот на населението бил 1090 лица, додека во 1940 година селото броело 1100 жители.
Селото според пописот од 1951 година броело 1209 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 304 жители, во 1971 година имало 265 жители, во 1981 година имало 244 жители, додека во 1991 година имало 212 жители[5]. Денеска, населението на селото е 2160 жители според пописот од 2011 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1100 | 1209 | 1200 | 1136 | 1660 | 1894 | 2244 | 2160 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
НаводиУреди
- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ναϊπλή -- Νέα Καρβάλη
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 203.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 2012-06-30. Посетено на 2012-06-30.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). „2“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 78.