Црква (Блаже Конески)
„Црква“ — стихозбирка на македонскиот поет Блаже Конески, првично објавена во 1988 година од издавачката куќа Мисла.
Содржина
уредиСтхозбирката содржи вкупно 52 песни:[1]
- Црква
- Антониј и Клеопатра
- Молитва
- Врапци во магла
- Татко
- Спомен по многу години
- Читач
- Помен
- Претеча
- Песната
- Повик
- Тој ден
- Семејна историја
- Свети Никола
- Брачен пар
- Подмладување
- Грешни жени
- Натпис на чешмата во „Јован Бигорски“
- Жената
- Убавина
- Рака
- Мраморен акт
- Допир
- Бакнеж
- Разговор
- Втора младост
- Улавштини
- Декември
- Порака
- Жештина
- Спокој
- Гугучки
- Врска со животот
- Лето
- Тажачки
- Спомен
- Расцеп
- Миг
- Суво дрво
- Старци
- Заштита
- Ластовици
- Преживување
- Опит
- Видело
- По работ
- Резигнација
- Живот и смрт
- Тема
- Ѓорѓи Божиков
- Успение на Владимир Мошин
- Васил Чипов
Изданија
уредиПо повод стогодишнината од раѓањето на Конески, во 2021 година, збирката „Црква“ била објавена од издавачката куќа Арс Ламина - публикации во рамки на едицијата „Македонски книжевни класици“. Книгата, со обем од 80 страници и со димензии од 21 сантиметар, е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-267-442-1. Покрај песните, книгата содржи и поговор со наслов „Нашиот длабок историски корен — црквата“, напишан од Вера Стојчевска-Антиќ, како и белешка за авторот. Книгата е испечатена во печатницата Бранко Гапо — графичко производство во Скопје, во тираж од 1000 примероци. Дизајнот на корицата е дело на Pointer Creative Agency.[2]
За делото
уредиСпоред Вера Стојчевска-Антиќ, песната „Црква“ открива многубројни можности за натамошни длабоки нурнувања во македонското минато. Од друга страна, во песната „Молитва“, Конески е реалист во согледувањето на сегашноста. Во „Семејна историја“, тој ја воспева радоста на татко му поради доаѓањето на синот на прославата на св. Никола. Во „Песната“, на едноставен начин, Конески ја искажува својата теорија за поетиката. Тој е широк со идеите, но секогаш во реалноста со која е соочен пронаоѓа и филозофски длабочини за лет во убавината на човековите можности, како што е случајот со песната „Тој ден“. Понатаму, две песни, „Подмладување“ и „Грешни жени“ се инспирирани од неговата работа на ракописот од 15 век, „Тиквешки зборник“ и со нив тој воспоставува континуитет меѓу средновековната книжевност и современата позеија. Извонредни се и неговите искрени посвети на Ѓорѓи Божиков, на Владимир Мошин и на Васил Чипов. Така, песната „Успение на Владимир Мошин“ го открива односот на Конески кон црковната и обичајната традиција и ја воспева богољубивоста на Мошин. Исто така, неодминливи се речиси сите песни од збирката меѓу кои особено се истакнуваат: „Спомен по многу години“, „Читач“, „Улавштини“ итн.[3]