Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Сер

црква во Сер, Егејска Македонија

Успение на Пресвета Богородица (грчки: Ιερός Ναός Κοιμήσεως τῆς Θεοτόκου) — црква во градот Сер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм.[1]

Успение на Пресвета Богородица
Κοιμήσεως τῆς Θεοτόκου
Карта
41°5′14.1″N 23°32′43.4″E / 41.087250° СГШ; 23.545389° ИГД / 41.087250; 23.545389
МестоСер
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типкрстокуполен храм
Изградба1962
Управа
Архијерејско намесништвоСерско
ЕпархијаСерско-нигритска

Историја уреди

Црквата се наоѓа на улиците „Александридис“ бр. 10 и „Тесалоники“. Изградена е од грчките доселеници од Турција кои дошле во 1923 г. и ги основале населбите Нова Јонија, Византио и Писидија. На средба одржана на 12 мај 1952 г. 500 семејства потпишале молба за создавање на парохија и изградба на храм. Во 1955 г. е подигнат мал дрвен храм посветен на Успението Богородично како параклис на „Св. Архангели“. Во 1961 г. е прогласен за парохиски храм и исцртани се границите на новата парохија. Во 1962 г. започнала изградбата на нова црква со буџет од 1.800.000 драхми. Храмот има големи димензии — 35 на 18 м и по облик е крстокуполен. Апсидата на исток е тројна, а олтарот е мермерен. Внатрешноста е живописана од серскиот зограф Георги Златанов (Георгиос Златанис). Во него има три параклиса — „Пресв. Богородица Достојно ест“, „Св. Јован Руски“ и „Св. Анастасија Римска“.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Ιερός Ναός Κοιμήσεως τῆς Θεοτόκου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 12 декември 2017.