Отвори го главното мени

Црква „Собор на сите македонски светители, Св. Ѓорѓи Победоносец и Св. Сисој Велики“ - Тетово

Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Собор на сите македонски светители, Свети Ѓорѓи Победносец и Свети Сисој Велики
Македонска православна црква
Епархија Полошко-кумановска
Архијерејско намесништво Тетовско
Местоположба
Населено место Тетово
Општина Тетово
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Сите македонски светители, Свети Ѓорѓи Победносец и Свети Сисој Велики
Архитектонски опис
Портал „МПЦ“

Собор на сите македонски светители, Свети Ѓорѓи Победносец и Свети Сисој Велики е црква во план во рамничарскиот дел на Тетово. Иницијативата и проектите за оваа црква датираат до 2007 година. Таа треба да биде во старовизантиска македонска архитектура, градена во дел каде што нема цркви, а во кој градот одамна е проширен. Сите постојни пет цркви се наоѓаат во горниот дел од градот, од каде што населението постепено се раселувало. Во почетокот точната локација била во паркот „Жена-борец“, кај автобуската станица.[1] Ваквото барање било поднесено до општинските органи, од каде што требало да се добие маркица. Се планира целиот комплекс да има околу 4.000 квадратни метри на кои да се подигне црква од 200 квадратни метри, како и други објекти својствени за православни светилишта. Првите преднацрти содржат уредени алеи, шеталишта, услови за духовен мир и одмор, како и за семејни верски обреди од помал карактер. Прелиминарните пресметки се дека се работи за инвестиција од околу еден милион евра, а парите сукцесивно би се собирале од граѓаните во вид на самопридонес, но и со учество на иселеништвото, на стопанственици, стопански капацитети и други донатори. Според втората верзија, која е понудена од општинските власти, локацијата на црквата би била во станбениот блок 29, на просторот меѓу големата спортска сала и објектите за технички преглед на возила.[2]


НаводиУреди

  1. „СЕ ГРАДИ НОВА ЦРКВА ВО ТЕТОВО ВРЕДНА ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА“ (македонски). Панорама. 12.10.2008. конс. 2011-09-10. 
  2. „Тетово ќе добие нов православен храм по 80 години“ (македонски). Премин. 27-12-2008. конс. 2011-09-10. 

Надворешни врскиУреди