Црква „Св. Тома“ - Горенци (Костурско)
Свети Тома (грчки: Αγίου Θωμά) — црква во југоисточниот дел на селото Горенци, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Свети Тома | |
---|---|
Αγίου Θωμά | |
40°29′25.50″N 21°21′54.53″E / 40.4904167° СГШ; 21.3651472° ИГД | |
Место | Горенци, Костурско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Завршена | XVII – XVIII век |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Горенско |
Епархија | Костурска |
Храмот се наоѓа на надморска височина од 1.386 м во источниот дел на планината Габер (Саракина), јужно над Горенци. Таму постоело мало село наречено Саракина, населено со овчари сè до околу 1750 г. Нивен покровител бил Апостол Тома и од таа причина ја изградиле црквата на соседен рид.[1]
Црквата е камена и со многу мали димензии, изградена во XVII или XVIII век. Долга е 3,5 м, широка 2,5 м и висока околу 1,8 м. Вратата е висока само 1,5 м, што е типично за храмовите од ова време. Покривот е ќерамиден, од кои 2-3 се многу стари, со големи димензии (околу 40 × 30 см) и се доста тешки. Внатре има прост олтар, изграден и залепен за источниот ѕид, како и две многу мали ниши.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Ο ναΐσκος του Αγίου Θωμά (17ος αιών ;) στη Σαρακίνα Κορησού“. Φως της Καστοριάς. 5 јуни 2012. Посетено на 24 јули 2015.