Црква „Св. Петар и Павле“ - Постол

црква во Постол, Егејска Македонија

Свети Петар и Павле (грчки: Ιερός ναός Αγίων Πέτρου και Παύλου) — преродбеничка црква во гратчето Постол, Ениџевардарско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Свети Петар и Павле
Αγίων Πέτρου και Παύλου
Карта
40°45′47″N 22°31′42″E / 40.76306° СГШ; 22.52833° ИГД / 40.76306; 22.52833
МестоПостол, Ениџевардарско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типтрикорабна базилика
Стилпреродбенички
Изградба1867
Управа
Архијерејско намесништвоПазарско
ЕпархијаВоденско-постолско-мегленска

Црквата се наоѓа на североисточниот крај на градот. Изградена е во 1867 г.[2] Претставува трикорабна базилика со нартекс и женска црква на запад. Има одвоена куловидна камбанарија на југоисток, изградена во 1930 г. Храмот има два влеза — од јужната и од западната страна. Прозорците се обликувани во текот на ремонтните работи во 1950 г. Подот во минатото бил со камени плочи, а денес е со мозаични. Иконите се од XIX век.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Εκκλησία Αποστόλων Πέτρου και Παύλου της Πέλλας“. Δήμος Πέλλας. Посетено на 23 август 2020.
  2. „Η Πέλλα“. Δήμος Πέλλας. Посетено на 23 август 2020.