Црква „Св. Петар и Павле“ - Мешеишта

црква во Мешеишта, Дебрца

Св. Петар и Павлецрква во охридското село Мешеишта, Општина Дебрца, претставник на Македонската преродба и главен храм на Мешеишката парохија. Му припаѓа на Охридското архијерејско намесништво во Дебарско-кичевската епархија на МПЦ - ОА.

Свети Петар и Павле
македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Охридско
Парохија Мешеишка
Местоположба

Карта

Координати 41°14′18.5″N 20°46′25.3″E / 41.238472°N 20.773694°E / 41.238472; 20.773694
Место Мешеишта
Општина Дебрца
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Апостол Петар и Апостол Павле
Завршено 1899
Архитектонски опис
Стил преродбенички

Црквата е гробишен храм, изграден во 1899 година. На јужната врата се напишани имињата на зографите: Димитар, Ефтимиј и Ѓорѓи од мијачкото село Гари. Внатре има икони од XVII, XVIII и XIX век.[1] Резбите во храмот се дело на Јаким Тодоров, исто така од Гари.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Охридско архијерејско намесништво“. Дебарско-кичевска епархија. Посетено на 17 март 2014.
  2. Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: Наука и изкуствo. стр. 243.