Црква „Св. Пантелејмон“ - Арапли (Солунско)

црква во Арапли, Солунско

Свети Пантелејмон (грчки: Αγίου Παντελεήμονος Νέας Μαγνησίας) — црква во селото Арапли, Солунско, Егејска Македонија. Влегува во составот на Неаполско-ставруполската епархија на Цариградската патријаршија.

Свети Пантелејмон
Αγίου Παντελεήμονος
40°41′16″N 22°50′38″E / 40.68778° СГШ; 22.84389° ИГД / 40.68778; 22.84389Координати: 40°41′16″N 22°50′38″E / 40.68778° СГШ; 22.84389° ИГД / 40.68778; 22.84389
МестоАрапли, Солунско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архитектонски типтрикорабна базилика
Изградба1947 - 1953
Управа
ЕпархијаНеаполско-ставруполска

Камено-темелник на храмот е поставен во 1947 г. од митрополитот Генадиј Солунски. Градбата претставува трикорабна базилика без особени архитектонски одлики и со вградена камбанарија. Црквата е свечено отворена на 18 октомври 1953 година од митрополитот Пантелејмон Солунски и неговиот викарен епископ Тимотеј Мирски. Од 1975 до 1994 г. се градел надворешниот трем.[1]

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. „Ι. Ν. Αγ. Παντελεήμονος Νέας Μαγνησίας“. Ιερά Μητρόπολη Νεαπόλεως και Σταυρουπόλεως. Посетено на 2016-10-08.