Црква „Св. Никола“ - Буф
Свети Никола (грчки: Ιερός Ναός Αγίου Νικολάου) — црква во селото Буф, Леринско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]
Свети Никола | |
---|---|
Αγίου Νικολάου | |
40°49′0.4″N 21°18′12.7″E / 40.816778° СГШ; 21.303528° ИГД | |
Место | Буф, Леринско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Изградба | 1872 |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Леринско |
Епархија | Леринско-преспанско-еордејска |
Црквата е гробишен храм изграден во 1872 г.[1][2] Се наоѓа во северниот дел на селото, на местото на помала црква од 1803 г. Според традицијата, со градителските работи раководел епирскиот мајстор Брајан, а на внатрешноста работел битолчанецот Митре Душковски, кому му се припишуваат многу каменорезби во селото.
Црквата е трикорабна базилика со дрвен покрив, трем од три страни и камбанарија. Има два натписа, еден на западната и еден на источната страна. На едниот од нив е напишан датумот 1872. Во внатрешноста се зачвувани забележителни копаничарски дела.[1]
Литература
уреди- Μουτσόπουλος, Ν. Κ. Εκκλησίες του νομού Φλωρίνης. Βυζαντινά και μεταβυζαντινά μνημεία της Μακεδονίας, Θεσσαλονίκη 2003, σελ. 157-160, εικ. 454-470.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Ναός αγίου Νικολάου στον Ακρίτα“. Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης. Посетено на 10 јануари 2015.
- ↑ 2,0 2,1 „Πληροφορίες τοπωνυμίου“. Greek tourism guide – GTP. Посетено на 10 јануари 2015.