Црква „Св. Марина“ - Горенци (Зихненско)

црква во Горенци, Зихненско

Света Марина (грчки: Αγίας Μαρίνας Καλής Βρύσης) — црква во селото Горенци, Зихненско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Зихненско-неврокопската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Света Марина
Αγίας Μαρίνας
Карта
41°8′51″N 23°54′35″E / 41.14750° СГШ; 23.90972° ИГД / 41.14750; 23.90972
МестоГоренци, Зихненско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типенокорабен храм
Завршена1883
Управа
ЕпархијаЗихненско-неврокопска

Црквата е гробишен храм и се наоѓа во центарот на селото. Изграден е во 1883 г. за време на митрополитот Герман III Драмски, за што сведочи плоча вградена во апсидата.[1][2] Претставува еднокорабен храм со женска црква и трем на западната и јужната страна. Има сеопшти димензии од 15,90 × 7,80 м.[1] Според Георги Стрезов во 1891 г. црквата била гркоманска, починета на Патријаршијата.[3] Според подоцна поставен натпис, храмот настрадал во пожар на 22 јануари 1914 г. и бил обновен на истиот датум, за време на митрополитот Агатангел.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Ιστορία Πλεύνας-Πετρούσας. Η Παλαιά Εκκλησία Πλεύνας και άλλες 32 Μεταβυζαντινές Εκκλησίες στο Νομό Δράμας“. Τα Νέα της Πετρούσας. Посетено на 14 ноември 2014.
  2. „Μακεδονική Παράδοση: Διονυσιακά Δρώμενα Δωδεκαημέρου στη ΚΑΛΗΣ ΒΡΥΣΗΣ Δράμας“. Yauna Takabara. Посетено на 14 ноември 2014.
  3. Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Осма (XXXVII–XXXVIII): 2.