Црква „Св. Илија“ - Стенче

црква во селото Стенче

Свети Илија — главната селска црква во тетовското село Стенче. Изградена била во 1867 година[1]. Во црквата се наоѓаат 4 оригинални икони на Дичо Зограф („Исус Христос Вседржател“, „ Богородица Одигитрија“, „Св. Јован Претеча“ и „Вознесение на св. Илија“) насликани во 1866 година.[2] Иконите во 2001 година биле дадени на конзервирање во Заводот за заштита на споменици на културата, но кога иконите биле вратени, селаните го обвиниле тогашниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Војо Михајловски за кражба на истите, кои наводно биле заменети со копии[3]. После овој настан вратени се уште други 4 икони („Св. Петар и Павле“, „Св. маченици Меркурие и Екатерина“, „Три ерарха (св. Григориј Богослов, св. Јован Златоуст и св. Василиј Велики“) и „Св. Петка и Св. Недела“, но биле дело на Аврам, синот на Дичо Зограф. Црквата била и цел на кражби.[4]

Св. Илија

Поглед кон црквата

македонска православна црква
Епархија Тетовско-гостиварска
Архијерејско намесништво Тетовско
Парохија Милетинска
Местоположба

Карта

Место Стенче
Општина Брвеница
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Илија
Изградба 1867
Архитектонски опис

Наводи уреди

  1. Петковска, Наташа (16 мај 2007). „Празникот Свети Атанасиј -летен, вчера традиционално беше про-славен во Стенче“. КИСС ТВ. Посетено на 2010-04-30.[мртва врска]
  2. ГРОЗДАНОВ, Цветан; Дичо Зограф и неговите ученици во црквата Свети Илија во Стенче, Гостиварско / Цветан Грозданов.
  3. „Ни ги одзедоа иконите на Дичо Зограф, а ни вратија "реставриран" кич“. Дневник. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2010-05-01.
  4. „Оштетени и ограбени две цркви во Тетовско“. Утрински Весник. 10 март 2009. Посетено на 2010-05-01.[мртва врска]