Црква „Св. Илија“ - Крушево (Серско)

црква во Крушево, Валовишко

Свети Илија (грчки: Προφήτη Ηλία Αχλαδοχωρίου) — главна црква во селото Крушево, Валовишко, Егејска Македонија. Влегува во состав на Валовишката епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]

Свети Илија
Προφήτη Ηλία
Поглед на црквата од југозапад
41°19′12″N 23°32′26″E / 41.32000° СГШ; 23.54056° ИГД / 41.32000; 23.54056Координати: 41°19′12″N 23°32′26″E / 41.32000° СГШ; 23.54056° ИГД / 41.32000; 23.54056
МестоКрушево, Валовишко
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
Архитектонски типтрикорабна куполна базилика
Завршена1870
Управа
ЕпархијаВаловишка

Храмот е изграден во 1870 г. и претставува еден од највпечатливите примери на црковната архитектура од XIX век во Серско и е најголемиот поствизантиски храм во регионот.[3] Изграден е од црковната општина на селото, тогаш под врховенството на Бугарската егзархија. Осветена е на 14 септември од владиката Неофит Серски.[4]

По заземањето на Егејска Македонија од грчката држава, храмот бил осквернавен од окупаторот. Грците ја премачкале фасадата со сино-бело боја и на неа насликале византиски грб. Словенските натписи на иконите ги замениле со грчки, фреските на македонски светци биле избришани. Натписите на иконите на Свети Кирил и Методиј биле избришани и заменети со имињата на светците Јован и Јаков на грчки јазик. Пред женскиот оддел биле испишани имињата на сите стационирани грчки единици со нивните офицери од 17. пешадиски полк.[5]

Градбата претставува трикорабна куполна базилика со кат и три петаголни конхи на исток. Надворешниот изглед е разновиден. Ѕидовите на тремот се структурирани во последователни тројни лакови со отстап кон столбовите, кои се обликувани како пиластри со каласични капители. По засекот на корнизот следува покривот на храмот, кој е брановиден, а рабовите на градбата се истакнати со пиластри. Западниот влез има богато насликан надвратник.[3]

Во 1995 г. храмот е прогласен за заштитен споменик на културата.[3]

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. „Α' Αρχιερατική Περιφέρεια“. Ιερά Μητρόπολη Σιδηροκάστρου. Архивирано од изворникот на 2014-10-27. Посетено на 27 октомври 2014.
  2. „Προφήτης Ηλίας Αχλαδοχωρίου Σερρων“. Το Γόνιμο Σερρών Χθες Και Σήμερα. 27 октомври 2014.
  3. 3,0 3,1 3,2 „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ37/36626/943/25-7-1995 - ΦΕΚ 694/Β/7-8-1995“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Посетено на 27 октомври 2014.
  4. Манова, Цветана (2014). Сълза вместо песен - село Крушево - документи и материали (PDF). ДТМ. стр. 67. ISBN 978-954-9380-11-8.
  5. Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916. София: Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“. 1993. стр. 312. Посетено на 27 октомври 2014.