Црква „Св. Дванаесет Апостоли“ - Драма

црква во Драма, Егејска Македонија

Свети Дванаесет Апостоли (грчки: Ιερός Ναός Αγίων Δώδεκα Αποστόλων) — црква во градот Драма, Егејска Македонија. Влегува во состав на Драмската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Свети Дванаесет Апостоли
Αγίων Δώδεκα Αποστόλων
Карта
41°8′50.9″N 24°9′5.2″E / 41.147472° СГШ; 24.151444° ИГД / 41.147472; 24.151444
МестоДрама
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Завршена1977
Управа
Архијерејско намесништвоДрамско
ЕпархијаДрамска

Местоположба уреди

Црквата се наоѓа во источниот дел на градот.

Историја уреди

На местото на црквата имало џамија. По доселувањето на Грците од Турција во 1923 г. во неа се чувале светите предмети (икони, садови и др.) донесени од црквата „Св. Апостоли“ во Одрин. Подоцна џамијата е срушена и во 1972 г. митрополитот Дионисиј Драмски поставил камен-темелник на црква. На 18 декември 1977 г. храмот е отворен од истиот митрополит. Голем дел од инвентарот на храмот како амвонот, владичкиот престол, стари икони, резбани предмети и др. денес се чува во Драмскиот црковен музеј.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Ο Ιερός Ναός Αγίων Δώδεκα Αποστόλων Δράμας“. Πρωινός Τύπος. Архивирано од изворникот на 2014-12-26. Посетено на 17 јануари 2020.