Отвори го главното мени

Црква „Св. Богородица“ - Тетово

Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Света Богородица
Bogorodica - Tetovo.jpg

Поглед кон црквата

Македонска православна црква
Епархија Полошко-кумановска
Архијерејско намесништво Тетовско
Парохија Трета тетовска
Местоположба
Населено место Тетово
Општина Тетово
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Богородица
Изградба 1903/4 (втора),
Завршено 1916 (втора)
Осветување 28 август 1918 (реосветена)
Зограф Тале од Галичник и Никола Цонев
Архитектонски опис
Површина 6,5 ари
Портал „МПЦ“

Света Богородица е македонска православна црква во Тетово. Се наоѓа во градската населба Горно Маало, во горниот дел на градот. Таа е главна парохиска црква на Третата тетовска парохија.

ИсторијаУреди

Историјата на црквата „Света Богородица“ е доста долга и датира од многу старо време. Оваа црква е подигната непосредно по Балканските војни и ослободувањето од долгогодишното турско ропство. Во месноста „Горно Маало“ во 1903/4 година на урнатините на старата црква се започнало со градба на нова и поголема црква којашто траела сe до 1916 година. Изградената површина на црквата изнесува 6,5 ари. Градена е од камен и полна печена цигла. Фреските заедно со иконите на иконостасот ги изработил зографот Тале од Галичник кој тогаш живеел во Гостивар. Осветувањето на црквата било извршено на 28 август 1918 година на ден „Успение на Пресвета Богородица" од страна на скопскиот митрополит Варнава.

Иконостасот е изработен во два вида. Горниот дел е во даборез, а долниот е на обично дрво.

ПоправкиУреди

 
Внатрешноста на црквата

Иконите на иконостасот се изработени од зографот Тале. Сите икони добро се сочувани и претставуваат вредно дело. При оваа црква се извршени низа градежни работи во периодот од 1971 година, до денес и тоа: изграден е нов базен со фонтана поплочена со мермер, подарок од Мишко Васовски од Детроит; поплочен е дворот од влезната врата до црквата, како и папертата на истата; изградена е нова камбанарија од армирана бетонска конструкција; кубињата на црквата се опшиени со бакарен лим; изградба на два санитарни јазли во парохиската куќа која е изгрдаена во 1926 година од Михаило Ановски; поправени се потпорните ѕидови од оградата на црквата; поставена е нова железна ограда; извршено е бетонирање на олтарскиот простор и поставување на паркет во самата црква; поправени се седиштата во црквата; направен е нов гроб Христов од дрво со изработка на резба; поставен е нов крст на кубето; внатре се изработени нови фрески, од страна на академскиот сликар Никола Цонев од Скопје. Црквата „Света Богородица" претставува значаен објект во градот Тетово и редовно се посетува од жителите на овој град. Оваа посета е голема на Богородичните празници, а посебно на „Успение на Пресвета Богородица" и на Источен петок „Балаклија" што се празнува во Светлата седмица по Велигден.

Археолошки локалитетУреди

  Главна статија: „Св. Петка (Тетово).

Според податоците од книгата на Кузман НајденоскиТетово во минатото како културен и просветен центар на Полог", Тетово 1964 година се вели дека десно по течението на реката Пена под местото Купеник близу до сегашната црква "Света Богородица" - Балаклија, по Балканските војни се правени раскопување и истражување од страна на некои учени при што биле откриени урнатини од стари ѕидови, икони, кандила и друг црковен прибор. Во непосредна близина на црквата се наоѓаат и средновековни христијански гробови кои биле прекопувани во подолг временски период. Локалитет на којшто е изграден стариот градски водовод и главнииот резервоар за вода за градот Тетово е црковно место, на кое била некогашната црква „Света Петка". При увид од страна на екипа од градскиот музеј биле откриени делови од ѕидови и правосголни керамички плочки кои биле во функција на ѕидните конструктивни маси од црквата. Тоа укажува на постара средновековна градба врз која според историските податоци се вршени обиди за градежна санација во 1765 година. На одземеното црковно земјиште, со образложение дека се работи за безбедноста на резерворот, денес се гледаат само остатоци од ѕидовите на стариот храм од околу еден метар. Постоие иницијатива за да се возобнови оваа црквичка којашто има големо почитување од граѓаните. Истражувања фрлаат дополнителна светлина врз овој засега непроучен споменик. Во катастарот овој имот се води како лозје и е во сопственост на црквата, со површина од 1400 м².

Настани од 2001Уреди

Во 2001 година покрај другите цркви и манастири, оштетена била и црквата „Света Богородица“.[1]

НаводиУреди

  1. „Разурнувања и насилства со терористички дејства во 2001-ва година“ (македонски). Тетовско Архиерејско намесништво. конс. 2011-09-06.