Црква „Св. Архангел Михаил“ - Ловча
Свети Архангел Михаил или Собор на Архангелите (грчки: Συνάξεως Ταξιαρχών Ακρινού) — црква во некогашното село Ловча, Драмско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Зихненско-неврокопската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Црквата е единствениот остаток од селото.[2]
Свети Архангел Михаил | |
---|---|
Συνάξεως Ταξιαρχών | |
Фреска на Архангелите и Невидливите сили над главниот западен влез со избришани словенски натписи | |
41°24′0″N 23°41′59″E / 41.40000° СГШ; 23.69972° ИГД | |
Место | Ловча, Драмско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Завршена | 1848 |
Управа | |
Епархија | Зихненско-неврокопска |
Црквата е изградена во 1848 г. според плочите од северната и источната страна.[2] Храмот е доста голем (25,50 × 17,90 м). Градбата претставува трикорабна базилика со трансепт и женска црква на вториот кат.[2][3] Во средиштето на западната страна во 1884 г. е изградена монументална камбанарија.[2][4] Според Георги Стрезов во 1891 г. црквата била под врховенството на Патријаршијата.[5] Живописот во храмот е дело на зографот Серги Георгиев од Неврокоп, изработени во 1860 – 1870 г.[6]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Τσουρής, Κ. Στο Ακρινό Κ. Νευροκοπΐου. Η εκκλησία της Συνάξεως των Ταξιαρχών. Δραμινά Χρονικά, I (1980). стр. 193–198. no-break space character во
|pages=
во положба 4 (help) - ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 „Ιστορία Πλεύνας-Πετρούσας. Η Παλαιά Εκκλησία Πλεύνας και άλλες 32 Μεταβυζαντινές Εκκλησίες στο Νομό Δράμας“. Τα Νέα της Πετρούσας. Посетено на 14 ноември 2014.
- ↑ „Συνάξεως Ταξιαρχών Ακρινού“. Corect. Архивирано од изворникот на 2014-11-27. Посетено на 14 ноември 2014.
- ↑ „Βυζαντινά Μνημεία“. Δήμος Νευροκοπίου. Посетено на 14 ноември 2014.
- ↑ Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Осма (XXXVII–XXXVIII): 7.
- ↑ Ζήκος, Θωμάς Ε. „Ο ναός του Αγίου Αθανασίου στο Άγκιστρο του Νομού Σερρών“ (PDF). Σερραϊκά Σύμμικτα: 104. ISSN: 1792 – 5045.