Црква „Св. Архангели Михаил и Гаврил“ - Нестрам

црква во Нестрам, Костурско

Свети Архангели Михаил и Гаврил (грчки: Ταξιαρχών Μιχαήλ και Γαβριήλ) — црква во селото Нестрам, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]

Свети Архангели Михаил и Гаврил
Ταξιαρχών Μιχαήλ και Γαβριήλ
Поглед на црквата
Карта
40°25′1″N 21°3′26″E / 40.41694° СГШ; 21.05722° ИГД / 40.41694; 21.05722
МестоНестрам, Костурско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типтрикорабна базилика
Завршена1858
Управа
Архијерејско намесништвоНестрамско
ЕпархијаКостурска

Храмот се наоѓа во маалото Горнени. Изграден е во 1858 г. Претставува голема трикорабна базилика со шест мали надолжни куполи.[1] Изградена е од месни мајстори на местото на постар храм користејќи делкан камен.[2] До 1950 г. во неа се чувала уникатна дрвена статуа на Свети Ѓорѓи, слична на онаа во „Св. Ѓорѓи“ во Галишта. Денес за неа се знае само од описи.[3] Во црквата стои забележителен дрвен иконостас со фина резба и вредни икони од XIX век.[4] Во храмот се зачувани и два проскинитара со впечатлива резба, од кои на десниот има исклучлително вредна икона на Богородица од 1780 г, дело на зограф од Линотопи со дарителски натпис на линотопоското семејство Димитриу.[1]

Во 1971 г. е изградена нова камбанарија, на поинакво место од старата. Сместена е на западната страна на храмот и претставува многуаголна камена градба со две камбани.[2]

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 „Το χωριό μας“. Πολιτιστικός Σύλλογος Νεστορίου «Νέστωρ». Посетено на 31 јануари 2021.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Εκκλησίες του χωριού μας“. Πολιτιστικός Σύλλογος Νεστορίου «Νέστωρ». Посетено на 1 февруари 2021.
  3. „Φως της Καστοριάς“. 6 ноември 2013. Посетено на 10 јануари 2015.
  4. „ΤΑΞΙΔΙΩΤΙΚΟΣ ΟΔΗΓΟΣ: ΝΕΣΤΟΡΙΟ“. 14 октомври 2011. Архивирано од изворникот на 2015-01-11. Посетено на 10 јануари 2015.

Надворешни врски уреди