Црква „Св. Архангели“ - Кастри

манастир во Кастри, Нигритско

Свети Архангели или Свети Архангел Михаил (грчки: Παμμεγίστων Ταξιαρχῶν, Ταξιάρχη Μιχαήλ) — црква во некогашното село Кастри кај Кучос, Нигритско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Свети Архангели
Παμμεγίστων Ταξιαρχῶν
Карта
40°52′58″N 23°37′9″E / 40.88278° СГШ; 23.61917° ИГД / 40.88278; 23.61917
МестоКастри, Нигритско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
Архит. типтрикорабна базилика
Завршена1854
Управа
Архијерејско намесништвоНигритско
ЕпархијаСерско-нигритска

Црквата се наоѓа на подрачјето на некогашното Кастри, кое се споменува во историските извори. Изградена е во 1854 г. на местото на средновековен храм.[1] Црквата е забележителен пример за духовната архитектура од XIX век, кој има зачувано и доцновизантиска фаза.[2] Градбата претставува трикорабна базилика.[1]

Во 1990 г. храмот е прогласен за заштитен споменик на културата.[2] Во 2000 г. внатрешноста е насликана со живопис. Во 2008 г. црквата е обновена.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Ιερός Ναός Μεγάλων Ταξιαρχῶν“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 26 октомври 2019.
  2. 2,0 2,1 „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ37/12254/284/29-3-1990 - ΦΕΚ 303/Β/8-5-1990“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-06-19. Посетено на 30 октомври 2014.