Црква „Св. Ѓорѓи“ - Крлуково

црква во Крлуково, Зихненско

Свети Ѓорѓи (грчки: Αγίου Γεωργίου Μικρόπολης) — црква во селото Крлуково, Зихненско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Зихненско-неврокопската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Свети Ѓорѓи
Αγίου Γεωργίου
Собир пред црквата, 1909 г.
Карта
41°11′33″N 23°49′5″E / 41.19250° СГШ; 23.81806° ИГД / 41.19250; 23.81806
МестоКрлуково, Зихненско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типтрикорабна базилика
Завршена1841
Управа
ЕпархијаЗихненско-неврокопска

Архитектонски особености

уреди

Цквата се наоѓа на селските гробишта. До неа во 1910 г. е изградена „Св. Благовештение“. На плоча на западната страна е напишн даумот кога е завршен храмот — 16 октомври 1841 г. Тремот во прво време бил на запад и југ, но подоцна останал само на запад. Во 1893 г. е изградена самостојна камена камбанарија во која е вградена римска надгробна плоча. Внатрешноста на црквата претрпела многу промени. Зачуван е оригиналниот иконостас со резбани царски двери. Забележителен е и дрвениот балдахин на чесната трпеза.[1]

Историја

уреди

Според Георги Стрезов во 1891 г. црквата била врховенството на Цариградската патријаршија.[2] Во средината на 1905 г. голем дел од селаните прешле на страната на Бугарската егзархија предводени од попот Иван Икономов.[3][4]

По Младотурската револуција во 1909 г. жителите на Крлуково испратиле телеграма до Отоманскиот парламент во кои се пожалиле на просвојувањето на црквата и училиштето од дејците на грчката пропаганда.[5]

Според Законот за спорните цркви и училишта од 1910 г. црквата ѝ припаѓа на заедницата која ја изградила, освен кога спротивниот табор сочинува двотретинско мнозинство. На 1 јануари 1911 г. храмот бил времено затворен додека не се утврди дали 23 од верниците се егзархисти.[4]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Ιστορία Πλεύνας-Πετρούσας. Η Παλαιά Εκκλησία Πλεύνας και άλλες 32 Μεταβυζαντινές Εκκλησίες στο Νομό Δράμας“. Τα Νέα της Πετρούσας. Посетено на 15 ноември 2014.
  2. Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Осма (XXXVII–XXXVIII): 2.
  3. Трайкова, Весела. Андартството в Солунския вилает през 1906 г., в: Военноисторически сборник, бр.4, 2011, стр. 56.
  4. 4,0 4,1 „Τουρκοκρατία και Βουλγαροκρατία & το κλείσιμο της εκκλησίας“. Μικρόπολη. Архивирано од изворникот на 2014-10-04. Посетено на 15 ноември 2014.
  5. Македония. Сборник от документи и материали, Издателство на БАН, София, 1978, стр. 529.