Црква „Св. Ѓорѓи“ - Елшани (Серско)
црква во Елшани, Серско
Свети Ѓорѓи (грчки: Ιερός Ναός Αγίου Γεωργίου) — црква во селото Елшани, Серско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Црквата е парохиски храм.
Свети Ѓорѓи | |
---|---|
Αγίου Γεωργίου | |
![]() | |
41°7′57.5″N 23°18′30.4″E / 41.132639° СГШ; 23.308444° ИГДКоординати: 41°7′57.5″N 23°18′30.4″E / 41.132639° СГШ; 23.308444° ИГД | |
Место | Елшани, Серско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архитектонски тип | крстокуполен храм |
Изградба | 1967 – 1984 |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Серско |
Епархија | Серско-нигритска |
ИсторијаУреди
Камен-темелникот на црквата е поставен на 31 мај 1967 г., а храмот е завршен во 1984 г. Изградена е на местото на постара урната црква со средства на верниците. Осветена е на 21 септември 1984 г. од митрополитот Максим Серско-нигритски. Градбата претставува крстокуполен храм.[1]
Во парохијата припаѓаат и црквите „Св. Петка“ и „Преображение Христово“.[1]
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Ιερός Ναός Ἁγίου Γεωργίου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 1 ноември 2018.