Црква „Св. Ѓорѓи“ - Балџа (Солунско)
Свети Ѓорѓи (грчки: Ναός Αγίου Γεωργίου) — црква во селото Балџа, Солунско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Лагадинско-ајватовско-рендинската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]
Свети Ѓорѓи | |
---|---|
Αγίου Γεωργίου | |
40°46′1″N 22°55′38″E / 40.76694° СГШ; 22.92722° ИГД | |
Место | Балџа, Солунско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Културнонаследна категорија | споменик на културата |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Завршена | 1250 / 1744 |
Управа | |
Епархија | Лагадинско-ајватовско-рендинска |
Храмот се наоѓа во југоисточниот дел на селото. Годината на изградба не е со сигурност позната. Преданието вели дека црквата е подигната во 1250 г. Мермерна плоча над јужниот ѕид однадвор вели дека е изградена во 1744 г., а истата година ја има и внатре на северниот ѕид на наосот, но се смета дека ова е годината на обнова, а не на изградба на црквата. Претставува голема камена трикорабна базилика. Внатрешноста е живописана и има резбан, позлатен и насликан иконостас со икони од почетокот на XIX век.[1][2]
Црквата е прогласена за историски споменик во 1983 г.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Ο Ναός του Αγ.Γεωργίου Μελισσοχωρίου“. Ναός Αγίου Γεωργίου Μελισσοχωρίου. Архивирано од изворникот на 2014-05-25. Посетено на 23 мај 2014.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „ΥΑ ΥΠΠΕ/ΑΡΧ/Β1/Φ34/34659/742/1-7-1983 - ΦΕΚ 425/Β/22-7-1983“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-05-18. Посетено на 18 јуни 2018.