Црква „Св. Ѓорги“ - Горенци (Костурско, XIX век)

црква во Горенци, Костурско од XIX век

Свети Ѓорѓи, месно наречена и Свети Ер (грчки: Αγίου Γεωργίου),[1]црква во селото Горенци, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.[2]

Свети Ѓорѓи
Αγίου Γεωργίου
Поглед на црквата
Карта
40°30′9.15″N 21°22′53.68″E / 40.5025417° СГШ; 21.3815778° ИГД / 40.5025417; 21.3815778
МестоГоренци, Костурско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
Архит. типтрикорабна базилика
Завршена1882
Управа
Архијерејско намесништвоГоренско
ЕпархијаКостурска
Стара фотографија на црквата и нејзиниот одбор.

Црквата е изградена во 1882 г., што се гледа по натписот „18†82“ над полукружната апсида однадвор. Претставува трикатна трикорабна базилика. Внатре има забележителен резбан иконостас. Царските икони се од 1884 г., дело на зографот Атанасиос Панајоту од Костур (διά χειρός Αθανασίου Παναγιώτου εκ Καστορίας…1884).[3]

Околу 1899 г. припадниците на Бугарската егзархија во Горенци, кои ја држеле малата истоимена црква „Св. Ѓорѓи“ успешно го презеле и овој храм, но патријаршистите ја потплатиле власта, па иницијаторите Гиљо и Цилка Костови и баба Бецелка се уапсени и мачени.[4]

Пролетта 1910 г. Отоманскиот парламент се зафатил со решавање на спорот меѓу Патријаршијата и Егзархијата за црковниот и училишниот имот, со што на 10 август оваа поголема црква „Св. Ѓорѓи“ им е предадена на егзархистите. Во неа служел свештеникот Лев Адамов. На 5 јули 1913 г. клучевите од црквата и бугарското училиште се одземени од новата грчка власт.[5]

Во 1996 г. оваа црква, заедно со другата истоимена црква од XVIII век се прогласени за заштитени споменици на културата.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Адамов, Лев (2014). История на с. Горенци, Костурско (Македония) (PDF). София: Издава Библиотека Струмски. стр. 15. ISBN 978-619-7212-06-8.
  2. 2,0 2,1 „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/53232/1568 π.ε./22-12-1995 - ΦΕΚ 49/Β/19-1-1996“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 8 јануари 2015.
  3. Β. Στυλιάδη, Μνημεία της Κορησού 3. Ο Ιερός Ναός Αγίου Γεωργίου (1882), ό.π., έτος 2010/21, Ιούλιος, αρ. φύλ. 235, σ.σ. 6-7
  4. Адамов, Лев (2014). История на с. Горенци, Костурско (Македония) (PDF). София: Издава Библиотека Струмски. стр. 5. ISBN 978-619-7212-06-8.
  5. Адамов, Лев (2014). История на с. Горенци, Костурско (Македония) (PDF). София: Издава Библиотека Струмски. стр. 17. ISBN 978-619-7212-06-8.

Надворешни врски

уреди