Црква „Св.Пророк Илија“ - Блатец

црква во селото Блатец
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Свети пророк Илија
Crkva blatec.JPG

Блатечка црква

Македонска православна црква
Епархија Брегалничка
Архијерејско намесништво Кочанско
Парохија Блатечка
Местоположба
Населено место Блатец
Општина Виница
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети пророк Илија
Изградба 1850
Осветување непознато
Живопис 19 век
Зограф Николај Михајловиќ
Водство свештеник Орце Пешов
Архитектонски опис
Портал „МПЦ“

Храмот Свети Пророк Илија, се наоѓа во селото Блатец, во Општина Виница и е парохиска црква на Блатечката парохија. Црквата претставува трикорабна базилика со рамни тавани. По форма и големина не се разликува од останатите цркви во регионот, кои се градени во средината на 19 век. Посебен впечаток оставт нејзините копаничарско обработените тавани, големиот крст на иконостасот и царските двери.[1]

ИсторијаУреди

Според натписот над влезот на северната страна се прдпоставува дека храмот е изграден во 1850 година, иако другите белези на храмот укажуваат дека е граден пред 1850. Кога и од кој архиереј е осветена нема податоци. [2]

ЖивописУреди

Црквата располага со 77 икони, од кои еден дел се работени од зографот Никола Михаилов од Крушево. Неговиот потпис се наоѓа на иконата “Зачетие на Св. Ана’’. Другите икони се со ликот на Христос, Богородица, Св. Ѓорѓи, Св. Јован Претеча, Св. Никола и не утврдено од кој автор се. Според оригиналниот натпис иконописецот потекнува од Крушево. [3]

ПоврзаноУреди

Историјата на црквата е опишана во сочувани белешки и во неколку стари книги кои се наоѓаат во црковната библиотека и кои сеуште се користат за одделни црковни празници. [4]

НаводиУреди