Црква „Возвишение на светиот крст“ (Патрауци)
Црквата „Возвишение на светиот крст“ (романски: Biserica Înălțarea Sfintei Cruci) ― романска православна црква во комуната Патрауци, округот Сучава, Романија. Изградена во 1487 година, од Штефан III Молдавски како ктитор, таа е една од осумте градби што ги сочинуваат црквите на Молдавија, светско културно наследство на УНЕСКО[1] и исто така е наведена како историски споменик од Министерството за култура и религиозни работи на државата.[2]
Наводи
уреди- ↑ Churches of Moldavia at the UNESCO site
- ↑ (романски) Lista Monumentelor Istorice 2010: Judeţul Suceava Архивирано на 7 септември 2018 г., стр. 2171