Црква „Воведение на Пресвета Богородица“ - Чаталџа

црква во Чаталџа, Драмско

Воведение на Пресвета Богородица (грчки: Εισόδια της Θεοτόκου) — црква во селото Чаталџа, Драмско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Драмската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]

Воведение на Пресвета Богородица
Εισόδια της Θεοτόκου
Карта
41°7′54″N 24°12′39″E / 41.13167° СГШ; 24.21083° ИГД / 41.13167; 24.21083
МестоЧаталџа, Драмско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архитект(и)Конрад фон Вилас
Завршена1906
Управа
Архијерејско намесништвоДрамско
ЕпархијаДрамска

Црквата е базилика изградена во 1906 г. за време на митрополитот Хрисостом Драмски, за што сведочи надвратниот натпис.[1]

Осветена е на 27 април 1907 г.[2] Дело е на австрискиот архитект Конрад фон Вилас, направена по пример на „Св. Фотина“ во Смирна.[2] Над главниот влез има висока камбанарија со камбани донесени од Санкт Петербург.[1]

Корабите се поделени со седум пара столбови. Таваните обоени со сина боја и имаат цветни мотиви, ѕвезди, розетки и крстови.[2] Има прекрасен резбан иконостас, изработен во 1820 г. од мајстори од Мечово во Епир.[1] Според други податоци, тој е дело на мајсторот Велјан Огненов од Тресонче.[2] Балдахините се изрезбани со библиски сцени.[1]

Црквата е украсена и убави икони од истиот период. Иконостасните икони на Христос Седржител и Богородица со Младенецот се дело на анонимен автор од втората половина на XVIII век. Иконите „Архангели“, „Свети Харалампиј со сцени од неговото житие“, „Св. Константин и Елена“ и „Вознесение на Свети Илија“ се дело на Кирјаз Еноски од 1822 г. Иконата „Богородица на престол со Дванаесетте апостоли“ (1850-1870) е творба на Димитриј Еноски. Неврокопскиот зограф Стерјо Георгиев е застапен со 27 икони.[2] Иконите „Христос Седржител“, „Богородица“, „Јован Претеча“, „Воведение Богородично“, „Свети Апостоли Павле и Сила“ и „Свети Илија“ се дело на истакнатиот зограф Константинос Партенис. Иконите на Свети Симеон Столпник и Свети Стилијан од 1906 г. се дело на Павлос Зографопулос од Солун.[1][2] Иконите на Светите Четириест Маченици и Свети Никола се дело на Јаков Мелнички, изработени во 1855 г.[1][2][3] Првата има натпис „χεὶρ Ἰακώβου Ν. Μελενικίου“, а втората — „χεὶρ Ἰακώβου Γιακουμὴ Ν. Μελενικλῆ“.[3]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 „Χωριστή - Εισόδια της Θεοτόκου“. Ιερά Μητρόπολη Δράμας. Архивирано од изворникот на 2014-06-02. Посетено на 2 јуни 2014.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 „Ο κειμηλιακός πλούτος του Ιερού Ναού Εισοδίων της Θεοτόκου Χωριστής Δράμας“. Ψίθυροι - Δράμα. Εκδόσεις Περιοδικών και Εφημερίδων. Архивирано од изворникот на 2020-08-10. Посетено на 16 ноември 2014.
  3. 3,0 3,1 Παρχαρίδου-Αναγνώστου, Μάγδα (2013). „Δύο εικόνες του ζωγράφου Ιακώβου Γιακουμή Νικολάου από το Μελένικο στο ναό των Εισοδίων της Θεοτόκου στη Χωριστή Δράμας“ (PDF). Σερραϊκά Σύμμεικτα. Σέρρες (2): 264. Архивирано од изворникот (PDF) на 2022-06-12.