Црква Света Петка (Софија)

црква во Софија, Бугарија

Света Петка е христијански храм кој се наоѓа во Софија, Бугарија и е во склопот на Бугарската православна црква. Оваа црква е трета по големина во Софија.

Црква Света Петка
Основни податоци
МестоСофија, Бугарија
Припадностправославие
Духовно-организациски статусактивна
ВодствоБугарска православна црква
Архитектонски опис
Архитект(и)Антон Торњов
Завршен1930

Храмот бил изграден во 1930 година. Одлуката за нејзината изградба била донесена во 1909 година. Учеството на Бугарија во Првата светска војна ја одложила нејзината изградба. За главен архитект бил избран Антон Торњов. Црквата го носи името на Света Петка.

Уникатно за храмот е тоа што има многу добра акустика. Ова се должи на фактот што нема столбови и под големата купола има други, помали полукуполи кои помагаат на звукот да се шири беспрекорно.

Надворешни врски уреди