Храбриот кројач (приказни од Браќата Грим)

Храбриот кројач е книга со приказни од Браќата Грим, издадена од „Детска радост“, во 1980 година, како 23 книга од библиотекатаЅуница“. Збирката е направена врз основа на германскиот оригинал под наслов „Приказни за деца и за семејството, собрани од Браќата Грим“ (Kinder und Hausmärchen gesammelt durch die Brüder Grimm), а преводот од германски јазик го извршила Ранка Грчева.

Технички одлики уреди

Книгата „Храбриот кројач“ е отпечатена во тврд повез, со формат од 21 сантиметар и има 157 страници. Таа е каталогизирана од НУБ „Климент Охридски“ - Скопје. Издавач на книгата е РО „НИП Нова Македонија“, ООЗТ „Детска радост“. Јазичната редакција е дело на Евтим Манев. Покрај приказните, книгата содржи и илустрации кои се дело на Миле Топуз. Технички уредник на книгата е Бошко Гичаревски. Книгата е испечатена во 2 000 примероци, во печатницата на РО НИП „Нова Македонија“ - Скопје.[1]

Содржина уреди

Збирката содржи 25 сказни на Браќата Грим, како и поговор, напишан од Ранка Грчева. Во неа се застапени следниве приказни:[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Браќа Грим, Храбриот кројач, Детска радост, Скопје, 1980.