Хотел Султанахмед
Хотелот Султанахмед (турски: Sultanahmet Cezaevi), е поранешен затвор којшто се наоѓа во населбата Султанахмед, во Еминоину, Истанбул, Турција.
Хотел Султанахмед Sultanahmet Cezaevi | |
Поглед кон хотелот | |
Податоци за хотелот | |
---|---|
Место | Султанахмед, Истанбул, Турција |
Отворен | 1918/1919 |
Објектот бил изграден во периодот помеѓу 1918/1919 година, и претставувал првиот затвор во Османлиското Царство кој бил изграден во современа конепција. Објектот е изграден во стил на неокласика, и се наоѓа веднаш до тогашниот суд, кој пак датира од 1845 година. На главната порта од затворот постои натпис кој гласи: Dersaadet Cinayet Tevkifhanesi.[1] Освен постојаните машки затвореници, овде биле притварани и малолетници и жени. На 25 јануари објектот бил напуштен по изградбата на затворот Сагмалцилар.[2]
Објектот долго време бил празен. Во 1992 година се донело одлука истиот да биде претворен во хотел.[3] Така, денеска овој хотел е еден од најпознатите во градот. Се наоѓа во близина на најголемите туристички атракции на градот: Аја Софија, Султан Ахмедова Џамија, Цариградски хиподром и Топкапи-сарај. Хотелот има 65 соби и 11 апартмани, со капацитет од 130 гости.[4] Осве хотелот, во објектот има отворено и ресторан со капацитет од 55 гости во зима и 95 во лето.[5]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „From Sultanahmet Jailhouse to the Best Hotel in Europe:Four Seasons İstanbul“ ([мртва врска]). Türkiye Seramik Federasyonu Dergisi (13): 84. January–February 2006.CS1-одржување: датумски формат (link)[мртва врска]
- ↑ „1969 Yılının Önemli Olayları“. Nüve Forum (турски). Архивирано од изворникот на 2010-05-20. Посетено на 2010-01-11.
- ↑ „Bakanlık eliyle kültür, tarih katliamı“. DernekTürk (турски). Архивирано од изворникот на 2008-03-10. Посетено на 2010-01-11.
- ↑ „Four Seasons Hotel“. Turkey Travel Planner. Архивирано од изворникот на 2008-09-24. Посетено на 2010-01-11.
- ↑ „Four Seasons Istanbul“. Five Star Alliance. Архивирано од изворникот на 2009-05-30. Посетено на 2010-01-11.