Хомерово прашање е т.н. прашање кое го опфаќа делот околу тоа кои се создавачите на – народни херојски епови и – на народни епски песни, чиишто корени пронаоѓаме уште во Аристотеловата Поетика. Германскиот класичен филолог Ф. Волф кон крајот на 18 век го оспорил постоењето на Хомер. Благодарејќи му нему, во фолклористиката е поставено прашањето во која мера Хомеровиот удел во создавањето на Илијада и Одисеја е одлучувачки.

Гледишта уреди

Постојат две екстремни гледишта. Првите, таканаречените унитарци или унитаристи ја застапуваат тезата за единството на еповите и за историската автентичност на Хомеровата поетска егзистенција. Вторите, т.н аналитици, трагале за неправилности и недоследности во еповите, така што еповите може да се поделат на помали посебни организирани целини, на помали или поголеми целосни песни (Илијада на пример има 18 пра-песни), и поради тоа нивната теорија е наречена теорија на песни. По двесте години решавање на хомеровото прашање овие две екстрмни гледања доста се приближуваат. Унитаристите прифаќаат дека Хомер живеел во време кога постоела силно развиена епска традицијаи дека тој од неа и произлегол, така што се користел со веќе посазни средства. Аналитиците пак го признаваат постоењето на еден голем поет, но се колебаат помеѓу можноста дека Хомер можеби го дал основното јадро на еповите кои пак подоцнежните уредници (хомероиди) го дополнувале и проширувале, и можноста дека Хомер создал епови од постоечки песни и бил еден генијален уредник.