Хиландарски ливчиња

Хиландарски ливчињакирилски старословенски ракопис од крајот на 10 и почетокот на 11 век. Претставува еден од најстарите сочувани споменици напишани на кирилица.

Страна од Хиландарските ливчиња

Хиландарските ливчиња се два пергаментни листа кои содржат делови од беседите на Кирил Ерусалимски (318-395). Биле откриени во 1844 година во Хиландар. В. И. Глигорович ѝ ги подарил на Новоруската државна библиотека во Одеса, денес државниот универзитет во Одеса, каде и денес се чува под број P I 533.