Хив (Hiw) е најсеверниот остров во Вануату, кој се наоѓа во покраинатаТорба .

Хив
Hiw
Детална карта на Хив
Географија
МестоТихи Океан
Координати13°08′S 166°33′E / 13.133°S 166.550°E / -13.133; 166.550
АрхипелагВануату
Површина51 км2
Највисоко место366 м
Највисока точкаВонвара
Држава
ПокраинаТорба
Демографија
Население269 (2009)

Географија

уреди

Хив е најголемиот остров од групата на Торесови Острови во покраината Торба . Се наоѓа источно од Торесовиот ров, јужно од Ваникоро на Соломонските Острови . Има површина од 51 километар квадратен. Највисоката точка е Вонвара со 366 метри надморска висина.

Климата на Хив е влажна тропска. Просечните годишни врнежи се околу 4000 мм. Островот е подложен на чести циклони и земјотреси.

Точката Вевоаг, северниот рт на Хив, е најсеверната точка на Вануату. На 1.6 километри од Хив се наоѓа потопен корален гребен, Нгвеј Гакве.

Население

уреди

Хив има население од околу 270 жители. [1]

Жителите се населени во три села, сите лоцирани на источниот брег: Јонгвеј. Јакане и главното село Јогевигемене.

Јазикот што се зборува на островот се нарекува и хивски јазик .

Транспорт

уреди

Островите Торес ги опслужува аеродромот Торес, кој се наоѓа на островот Линуа, јужно од Хив.

Наводи

уреди
  1. „2009 National Census of Population and Housing: Summary Release“ (PDF). Vanuatu National Statistics Office. 2009. Посетено на October 11, 2010. Наводот journal бара |journal= (help)