Хенри (војвода од Корнвол)

Хенри (1 јануари 1511 - 23 февруари 1511) бил син на англискиот крал Хенри VIII и неговата прва сопруга Катерина Арагонска. Хенри и Катерина имале три деца, но единствено принцезата Марија (идната Марија I) успеала да доживее полнолетство.

Хенри
војвода од Корнвол

Татко Хенри VIII
Мајка Катерина Арагонска

Хенри по своето раѓање се здобил со титулата војвода од Корнвол, како директен наследник на англискиот трон. Претходно, во 1510 година, Катерина доживеала спонтан абортус, исто така со машко дете.

По раѓањето на Хенри, по осумнаесет месеци од бракот помеѓу Хенри и Катерина, тој на 5 јануари бил крстен. Негови кумови биле Вилијам Вархем и Луј XII. Родителите планирале голема прослава за идниот крал на Англија и неговото прогласување за принц од Велс. Љубовта на Хенри кон Катерина се зголемила со породувањето на новиот крал.

Меѓутоа, на 23 февруари 1511 година младиот принц починал ненадејно. Причината за неговата смрт не е позната.