Хемера (старогрчки: Ἡμέρα, Hêméra, што означува „ден“) е божица на денот и на дневната светлина. Според старогрчката митологија таа е една од исконските богови.

Хемера
исконска божица на денот
СопружникЕтер
РодителиЕреб и Никта
Браќа/сестриЕтер, Хипнос, Танат, Ојзис, Мом, Апата, Клото, Лахес, Онеирои, Атропос, Ерис (Хесиод), Фурии (други припишувања), Мом, Морос,
ДецаГеја
Уран
Таласа
Понт
Римски панданДиес

Теогонија

уреди

Таа е божица на денот и според Хесиод, ќерка на Ереб и на Никта (божица на ноќта).[1]

Според Теогонија на Хесиод, Хемера го напуштила Тартар токму кога таму влегла Никта. Кога Хемера се вратила, Никта си заминала:[2]

"Никта и Хемера се разминуваа и се поздравуваа на бронзениот праг и додека едната слегуваше надолу во куќата, другата излегувајќи заминуваше нагоре."

Други автори

уреди

Хемера е забележана во делото на Цицерон, За природата на денот (латински: De Natura Deorum)[3] Поетот Бахилид тврди дека Никта и Хронос ѝ се родителите, но Хигин во неговиот предговор во делото Басни (латински:Fabulae) го споменува Хаос како мајката/таткото и Никта како нејзина сестра.

Нејзин брат и сопруг е Етер (Светлина) но ниеден од нив не фигурира активно во некој мит или култ. Хигин ја смета за мајка на Уран, Геја и Таласа (исконската божица на морето), додека кај Хесиод само Таласа се појавува како нивно дете.

Павзаниј се чини ја меша со Еос (божица на зората) кога вели дека таа го понесла Кефал (види: Митот за Еол и Кефал). Тој истото го повторува и во Амиклај и во Олимпија при гледање на статуите и илустрациите каде Еос (Хемера) е присутна.

Извори

уреди
  • Теогонија, Хесиод
  • Цицерон, De natura deorum (III, 17).
  • Хигин, Басни (Предговор)

Надворешни врски

уреди

Хемера на Theoi.com

Наводи

уреди
  1. Hesiod. Theogony, 124-125.
  2. Hesiod. Theogony, 744.
  3. Cicero. De Natura Deorum, 3.17.