Асаново

село во Леринско, Егејска Македонија
(Пренасочено од Хасаново)

Асаново, Асаново Село или Хасаново (грчки: Μεσοχώρι, Месохори; до 1927 г. Χασάνοβο, Хасаново,[2] турски: Hasan Oba, Хасан Оба) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 358 жители (2011) и се состои исклучиво од Македонци.[3]

Асаново Село
Μεσοχώρι
Асаново Село is located in Грција
Асаново Село
Асаново Село
Местоположба во областа
Асаново Село во рамките на Лерин (општина)
Асаново Село
Местоположба на Асаново Село во Леринскиот округ и областа Западна Македонија
Координати: 40°53.4′N 21°30.43′E / 40.8900° СГШ; 21.50717° ИГД / 40.8900; 21.50717Координати: 40°53.4′N 21°30.43′E / 40.8900° СГШ; 21.50717° ИГД / 40.8900; 21.50717
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерински
ОпштинаЛерин
Општ. единицаДолно Клештино
Надм. вис.&10000000000000610000000610 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно358
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Асаново Село околу 1916 г.
Срушен мост кај Асаново Село, 1917 г.

Географија уреди

Селото се наоѓа 17 км североисточно од Лерин, меѓу разгранките Асанов и Мечов Рид на планината Ниџе. Лежи недалеку од Сакулева Река во Леринското Поле, околу 2 км од границата со Општина Новаци во Р. Македонија. Атарот зафаќа 16 км2.

Историја уреди

Во Отоманското Царство уреди

На почетокот на XIX век Хасан Оба било чисто турско село. Ова се сменило во 1836 г. селото го опустошила чума и турското население почнало да го напушта. Беговите Асан-бег (по кој е наречено селото) и Мечо-бег се иселиле заедно со жителите, и ги продале селските имоти на битолчанецот Никаруш, кој пак почнал да ги продава на Македонци од околните битолски села — од Градешница, Скочивир, Живојно, Гермијан, Брод и Бач.[3] Така, веќе во втората половина на XIX век повеќето жители на Асаново биле Македонци. Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) го опишал Саново село како македонско.[4][5] Во 1889 г. Стефан Верковиќ го спомнува со 22 македонски и 15 турски куќи.[6] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Асаново село (Assanovo-sélo) има 30 домаќинства со 40 жители Македонци и 60 жители муслимани.[4][7]

На почетокот на XX век и последните Турци го напуштиле Хасаново. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Асаново село имало 540 жители Македонци и само 50 жители Турци муслимани.[4][8] По Илинденското востание во почетокот на 1904 г. целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.[9] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. в Асаново Село имало 600 Македонци, сите под егзархијата.[4][10] Во овој период, Боривое Милоевиќ забележал дека селото се состоело од 80 македонски куќи.[3]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Асаново Село се води како чисто македонско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 75 куќи.[11]

Во Грција уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција, согласно Букурешкиот договор, кога населението броело 562 жители, а во 1920 г. нивниот број изнесувал 507.[3] Во 1927 г. властите го преименувале во Месохорион.[12] На пописот од 1928 г. населението на Асаново се зголемило на 639 жители.[3] Според податок од 1932 г. во селото имало 112 македонојазични семејства, од кои 102 со „изјавена македонска свест“. Во 1940 г. селото повторно бележи пораст, кога е попишан 861 жител. Во 1945 г. властите забележале 859 македонојазични жители, од кои 350 со „негрчка национална свест“, 209 со грчка и 300 со неутврдена свест. За време на Грчката граѓанска војна селото значително пострадало, и 150 жители пребегале во Р. Македонија.

Во текот на следните десетлетија сè повеќе жители решиле да се иселат во прекуокеанските земји. Така, во 1951 г. населението броело 787 жители, кое во 1961 г. се накачило на 823, но во 1971 г. се смалило на 609 жители. Во 1981 г. е попишан 571, а во 1991 г. — 581 жител.[3] Следното десетлетие бројот на жители останал релативно стабилен, со 518 во 2001 г. но доживеал значаен пад во следниот период, со 358 попишани лица во 2011 г.

Население уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 861 787 823 609 571 581 518 358
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство уреди

Главни занимања на населението се земјоделството и сточарството.[3]

Личности уреди

  • Крсте Маликов (1866-1952) — револуционер, деец на ВМРО; починал во Дениликвин, Австралија
  • Цветко Иванов — деец на ВМРО врз кој во 1911 г. младотурците направиле неуспешен обид за атентат во Овчарани
  • Цветко Шалапанов — револуционер на ВМРО, четник на Георги Папанчев и војвода на асановската селска чета во Илинденското востание

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Χασάνοβο -- Μεσοχώρι
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 140.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр. 93.
  6. Стефан Веркович. „Топографическо-этнографический очерк Македонии“. СПб, 1889.
  7. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 82-83.
  8. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 249.
  9. Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том I, София, 1993, стр. 125.
  10. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 176-177.
  11. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 26.
  12. „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.