Ханс Магнус Енценсбергер
Ханс Магнус Енцебергер (роден на (11 ноември 1929 година во Кауфбојрен) е германски писател, поет, преведувач и уредник. Има пишувано и под псевдонимот Андреас Талмаер. Живее во Минхен.
Ханс Магнус Енцесбергер | |
---|---|
Роден/а | 11 ноември 1929 Кауфбојрен, Вајмарска Република |
Занимање | поет, прозаист, преведувач |
Животопис
уредиЕнцесбергер учи литература и филозофија на универзитите во Ерланген, Фрајбург и Хамбург, како и на Сорбона во Париз, каде и докторира во 1955 година на тема Поезијат на Клеменс Брентано. До 1957 година, работи како радио-уредник во Штутгарт. Учествува на неколку собири на Групата 47. Еден период минува во Кастрова Куба. Меѓу 1965 и 1975 година го уредува списанието Kursbuch ("Распоред"). Од 1985 уредник е на престижната едиција книги Die Andere Bibliothek ("Другата библиотека"), кои се издаваат во Франкфурт и кои досега вклучуваат повеќе од 250 наслови. Енцесбергер е основач на месечникот TransAtlantik. Неговото творештво е преведено на повеќе од 40 јазици.
Творештво
уредиВо најголем дел од неговите песни, Енцесбергер користи саркастичен и ироничен тон. На пример, песната "Блуз за средната класа" содржи опис на неколку банални одлики на средната класа, а фразата "не можеме да се пожалиме" се повторува повеќепати, пред да заврши со прашањето "што чекаме?". Многу од неговите песни се инспирирани од класните односи и граѓанскиот немир. Иако е првобитно поет и есеист, често има кратки излети во светот на театарот, филмот, операта, радио драмата, репортажата, преведувањето, а автор е и на неколку романи и книги за деца. Австралијанскиот писател Родерик Гејтс го опишува Енцесбергер, покрај Рудолф Бардо, "како еден од ретките лево-ориентирани Германци што успеале да го предвидат падот на комунизмот и распадот на СССР."(Судења од минатото, Глобално ехо.)
Награди и признанија
уреди- 1963 - Georg-Büchner-Preis (Награда Георг Бихнер)
- 1980 - Златен венец на Струшките вечери на поезијата
- 1985 - Heinrich-Böll-Preis (Награда Хајнрих Бел)
- 1993 - Erich-Maria-Remarque-Friedenspreis (Награда на мирот Ерих Марија Ремарк)
- 1998 - Heinrich-Heine-Preis (Награда Хајнрих Хајне)
- 2002 - Premios Príncipe d'Asturies (Награда на Принцот од Астурија за комуникации и хуманост)
- 2006 - Premio d’Annunzio für sein Gesamtwerk (Награда Данунцио за севкупен опус)
Значајни дела
уреди- Verteidigung der Wölfe („Во одбрана на волкот“, песни, 1957)
- Politik und Verbrechen („Политика и криминал“, есеи, 1964)
- Das Verhör von Habana („Испрашување од Хавана“, проза, 1970)
- Gespräche mit Marx und Engels („Разговори со Маркс и Енгелс“, есеи), 1970)
- Der Untergang der Titanic („Пропаста на Титаник“, епска поема, 1978)
- Zukunftsmusik („Музиката на Иднината“, раскази, 1991)
- Die Tochter der Luft („Ќерката на Воздухот“, драма, 1992)
- Wo warst du, Robert? („Каде беше Роберт?“, роман, 1998)
- Der Zahlenteufel, („Ѓаволовиот број“, роман, 1999)
- Gedichte 1950-2005, („Раскази 1950-2005“, 2006)
Надворешни врски
уреди- Разговор со Чарлс Симиќ. Архивирано на 5 јули 2007 г.
- Радикалниот губитник: англиски превод на една статија на Енцесбергер појавена во Der Spiegel на 7 ноември 2005.