Финкенвердер (долногермански: Finkwarder, Finkenwarder или - wärder; германски: Finkeninsel) е кварт на Хамбург, Германија во округот Хамбург-Мите. Тука е местото на фабриката на Ербас и неговиот аеродром. Во 2006, населението било 11.629.

Финкенвердер
Кварт во Хамбург
Куќа (изградена 1817) на улицата Ауедајх во Финкенвердер
Куќа (изградена 1817) на улицата Ауедајх во Финкенвердер
Куќа (изградена 1817) на улицата Ауедајх во Финкенвердер
Финкенвердер во рамките на Германија
Управа
Земја Германија
Покраина Хамбург
Град Хамбург
Реон Хамбург-Мите
Основни податоци
Површина 19 км2
Население 11.629  (1 јануари 2006)
 - Густина 612 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HH
Повик. бр. 040
Местоположбата на Финкенвердер во Хамбург
Карта
Карта
Координати 53°31′37″N 9°51′57″E / 53.52694° СГШ; 9.86583° ИГД / 53.52694; 9.86583Координати: 53°31′37″N 9°51′57″E / 53.52694° СГШ; 9.86583° ИГД / 53.52694; 9.86583

Историја уреди

Во текот на Втората светска војна, до 30 април 1945, постоел концентрационен логор во Финкенвердер. Бил подкамп на концентрациониот логор Нојенгаме.[1]

Географија уреди

Хамбуршкото пристаниште покрива дел од овој кварт. Во 2006, според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, квартот Финкенвердер имал вкупна површина од 19,3 км2.

Западната и северната граница е реката Елба на север со округот Алтона. Долна Саксонија е на исток. На југ е границата со квартот Бергедорф.

Демографија уреди

Во 2006, во квартот Финкенвердер живееле 11.629 луѓе. Густината на население била 602 жители на км2. 18,9% биле деца под 18 години, а 19,8% имале 65 години или повеќе. 13% биле имигранти. 461 биле регистрирани како невработени.[2]

Во 1999, имало 5.702 домаќинства, од кои 25,7% имале деца под 18 години, кои живееле со нив и 39,9% од сите домаќинства биле составени од само еден член. Просечната големина на домаќинството било 2,1.[3]

Во 2006, имало 867 кривични дела (75 дела на 1000 луѓе).[4]

Образование уреди

Постојат 2 основни училишта и 2 средни училишта во квартот Финкенвердер.[5]

Економија уреди

Финкенвердер е поделен на индустриски и рурален дел. Аеродромот Хамбург-Финкенвердер управуван од Ербас S.A.S. индустриите и некои објекти на пристаништето во Хамбург се наоѓаат во овој кварт.

Инфраструктура уреди

Здравствен систем уреди

Финкенвердер има шест дневни центри за деца и исто така седум лекари во приватни ординации и три аптеки.[5]

Сообраќај уреди

Квартот не е опслужуван со железничкиот систем на градските возови. Јавниот превоз е обезбеден со автобуси на Hamburger Verkehrsverbund и HADAG Seetouristik und Fährdienst, кој ги оперира фериботите на реката Елба.

Според секторот за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), биле регистрирани 4.354 приватни возила во Финкенвердер (376 автомобили/1000 луѓе).[5] Имало вкупно 58 сообраќајни несреќи, вклучувајќи и 45 сообраќајни несреќи со жртви.[6]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Кампот е набројан како број 554 Хамбург-Финкенвердер во официјалниот германски список на концентрациони логори.
  2. Биро за регистрација на граѓаните, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
  3. Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)
  4. Покраинско биро за истражување (Landeskriminalamt), Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
  5. 5,0 5,1 5,2 Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
  6. Статистика за сообраќајни несреќи, Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)

Надворешни врски уреди