HTML

(Пренасочено од ХТМЛ)

HTML (HyperText Markup Language, Јазик за означување на хипертекст) е јазик за означување кој се користи за создавање на мрежни места. Овој јазик се користи за опишување на структурата на информациите во текст ориентираните документи со обвиткување (маркирање) на одредени делови од текстот при што означениот текст се форматира или се заменува со интерактивни форми, вгнездени слики или други објекти. Целта на прелистувачот е да ги толкува овие ознаки во аудиовизуелен документ, а тие да не се прикжуваат на самиот документ. Јазикот бил измислен од Тим Бернерс-Ли во 1990 година со цел научниците од различни универзитети да добијат полесен пристап кон документи од научни истражувања [1]. Стандардите на HTML се создадени и одржувани од W3C [2][3]. Најновата спецификација на HTML е HTML5, а спецификацијата целосно поддржана од сите модерни пребарувачи е HTML 4.01 [4].

Логото на HTML5

СинтаксаУреди

HTML се пишува со помош на HTML елементи наречени ознаки. Тие се пишуваат во аглести загради („<“ и „>“) во формат <tag paramtar1="vrednost" parametar2="vrednost" ... >Некој текст</tag> и најчесто стојат во парови. Постојат и празни елементи кои не стојат во пар и немаат ознака за затворање. Пример:

     <!-- Ова е коментар и не се прикажува на мрежната страница -->
     <p style="color:red" id="paragraf">Ова е еден параграф</p> <!-- Ознаката <p> секогаш мора да има крај </p> -->
     <br> <!-- Ознаката <br> е празен елемент -->

Специјални карактериУреди

Со цел прелистувачот одредени карактери да не ги препознава како дел од кодот туку само како карактери во HTML е воведена посебна синтакса. На пример карактерот „<“ обично означува почеток на ознаката но ако сакаме да напишеме 2<3 ние мораме да ја искористиме специјалната синтакса 2&lt;3. Целосна список на специјални карактери можете да најдете тука [1]

Пример за целосен HTML кодУреди

<!DOCTYPE html>
<html>
     <head>
          Глава на HTML документот. Овде се пишуваат поставките на документот како енкодирање, надворешни дадотеки,
наслов, клучни зборови итн. Обично во главата стои код кој не прави никакви директни визуелни промени на мрежната страница.
     <title> Наслов на страната </title>
     </head>
     <body>
          Во делот „<body>“ се наоѓа делот од мрежната страница кој ќе се прикаже на екранот.
     </body>
</html>

CSS и HTMLУреди

CSS или каскадни стилски страници е јазик за стилски страници за опишување на изгледот на едно мрежно место. Тој може да биде користен во комбинација со HTML со цел мрежната страница да биде визуелно изменета. CSS може да се пишува дирекно во HTML кодот со помош на ознаката <style>...</style> или може да биде вгнезден од друг .css податотека со <link rel="stylesheet" href="css_datoteka.css" />. CSS функционира на начин што со помош на селектори го одбира соодветниот HTML елемент на кој модифицира одредени визуелни параметри. Пример за CSS код во HTML код:

      <style>
             .paragraf {
                       background-color:#00F;  //позадинска боја на параграфот
                       color:#FFF; // боја на фонт
                       border: thin solid #000; // рамка
             }
      </style>
      <p class="paragraf">Ова е параграф со бела боја на фонт сина позадинска боја и тенка црна рамка</p>

HTML едиториУреди

HTML едиторите го забрзуваат пишувањето на HTML код, ја обележуваат синтаксата со различни бои, ги вовлекуваат вгнездените елементи и автоматски ги затвораат ознаките. Најпознати едитори на HTML код се Notepad++, Adobe Dreamweaver, BlueFish, Microsoft WebMatrix и други.

НаводиУреди

Надворешни врскиУреди

HTML5 Спецификација

Специјални карактери во HTML

W3C Schools HTML